За Форумот за владеење на правото

Човековите права за време на вонредна состојба – улогата на судството според Европската конвенција за човекови права

Деветтиот годишен регионален Форум за владеење на правото во Југоисточна Европа, организиран од AIRE Центарот и Civil Rights Defenders, ќе се одржи на 25 и 26 ноември 2022 година, во Тирана, Албанија. Настанот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство (Foreign, Commonwealth and Development Office), Владата на Шведска и Фондацијата “Конрад Аденауер”.

Целта на Форумот е да се промовира имплементацијата на Европската конвенција за човековите права во регионот, да се поттикне регионалната соработка преку континуирано развивање на владеењето на правото и човековите права и да се помогне во процесот на интеграција на регионот во ЕУ. Форумот во 2022 година ќе се фокусира на заштитата на човековите права во вонредна состојба. Пред речиси две години, за време на пандемијата Ковид-19, на Форумот во 2020 година, разговаравме за Ковид-19 и за човековите права. Во тоа време, имаше ограничена јуриспруденција (како на европско ниво, така и на домашно ниво) во врска со заштитата на човековите права за време на пандемијата и Форумот обезбеди можност да се разгледа како можеби би требало да се применат постоечките законски одредби и судската пракса за да се заштитат човековите права при соочувањето со ситуации без преседан и со прашањата кои би произлегле од нив. Сега, две години подоцна, Форумот претставува можност учесниците да се осврнат на клучните правни случувања и научените лекции од овој период. На Форумот, исто така, ќе биде претставен ажурираниот Водич за Ковид-19 и човековите права, во кој е земена предвид релевантната европска и домашна судска пракса која беше воспоставена од почетокот на пандемијата. Овие случаи и ажурирањата на Водичот, обезбедуваат витални насоки за прашањата во врска со тоа како да се балансираат и заштитат правата во контекст на пандемијата, но имаат и пошироко значење во однос на генералната заштита на правата за време на вонредна состојба.

Со оглед дека излегуваме од пандемијата, Форумот ќе обезбеди можност да се дискутира за научените лекции од овој досега невиден период во поглед на делотворната заштита на човековите права во време на вонредна состојба. Ова го вклучува, на пример, пристапот на Судот во Стразбур во однос на повикувањето на членот 15 од ЕКЧП за отстапување (дерогација) од Конвенцијата, улогата на судството во подеталното испитување на итните мерки и клучните фактори кои мора да бидат земени предвид при балансирање на спротивставените права и интереси во контекст на вонредната состојба и во однос на тоа на тоа на кој начин судството се повикува или треба да се повикува на начелата на пропорционалност и супсидијарност во овој контекст. Сето тоа се прашања кои беа од големо значење за време на пандемијата. Меѓутоа, како што продолжуваме да се соочуваме со нови предизвици и вонредни ситуации, како што е војната во Украина, јасно е дека разбирањето на тие прашања исто така ќе биде од витално значење за идното обезбедување на заштитата на човековите права, генерално.

Галерија

Новости

За нас

Платформа за владеење на правото за Западен Балкан

Платформата за владеење на правото за Западен Балкан пружа сеопфатен увид во владеењето на правото и заштитата на граѓанските права во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.