Влијание на КОВИД-19 врз ЛГБТИ заедниците

Европскиот регион на Меѓународната асоцијација на лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, транссексуалци и интерсексуалци („ИЛГА Европа“) објави извештај под наслов „Влијанија на КОВИД-19 врз ЛГБТИ заедниците во Европа и Централна Азија: Извештај од брза проценка“ со цел да обезбеди конкретни препораки за влијанијата на КОВИД-19 врз ЛГБТИ лицата, организациите и заедниците, врз основа на инпутите од истражувањето на членовите на ИЛГА-Европа, директните комуникации со членовите, како и јавно достапните извештаи и вебинари од членови и организации во регионот.

ИЛГА-Европа доби извештаи од 30 земји за влијанијата врз пристапот до здравствена заштита од цела Европа и Централна Азија, кои покажуваат дека постоечките ограничувања во здравствената заштита на лицата – припадници на ЛГБТИ заедницата беа дополнително заострени од пандемијата КОВИД-19.

Здравствените системи ги пренасочуваа своите ресурси, а целно/поставените услуги за подобрување на менталното здравје беа прекинати или доживеаја радикално зголемување на побарувачката откако се преселија на интернет за време на затворањето. Пристапот до сексуалното и репродуктивното здравје, исто така, претрпе негативно влијание. Извештајот вклучува информации за 8 макро области, меѓу другото, здравје, говор на омраза, семејно насилство и пристап до правдата.

Одложување или откажување на медицинската нега поврзана со родовата транзиција, за која се смета дека е од животно значење за транссексуалните лица, отежан пристап до сексуалното здравје и услугите поврзани со ХИВ, како и говор на омраза од политички и/или верски водачи беа пријавени во 12 земји. Зголемена инциденца на семејно насилство кон ЛГБТИ лицата е пријавена во 23 земји, додека од 8 земји биле примени извештаи за попречување на законското признавање на полот. Овој првичен извештај претставува брза проценка која ќе се прошири и ажурира во идните изданија на ИЛГА-Европа.

Овде можете да го прочитате целиот извештај:https://www.ilga-europe.org/sites/default/files/covid19-lgbti-assessment-2020.pdf

Преземено од Советот на Европа