Втор извештај за следење на случаите на корупција пред судовите во БиХ

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина (БиХ) денеска во Сараево го претстави својот втор извештај за следење на случаите на корупција пред судовите во БиХ. Во извештајот се заклучува дека судскиот одговор на корупцијата во БиХ е недоволен, особено во однос на процесирањето на предметите на средно и високо ниво.

Извештајот “Следење на процесирањето на предметите на корупција во БиХ: втора проценка”, се заснова и се надоврзува на работата презентирана во првиот извештај на ARC издаден во февруари 2018 година. Во извештајот, кој се состои од осум поглавја, се презентирани 24 препораки насочени кон подобрување на судскиот одговор на корупцијата врз основа на наодите од следењето и проценката на 300 случаи во судовите на сите нивоа низ целата земја во 2017 и 2018 година.

Во извештајот, меѓу другото, се утврдува дека резултатите на правосудниот систем во однос на продуктивноста на обвинителствата и судовите, начинот на кој обвинителите и судиите во го применуваат законот и нивната ефикасност во процесирањето на предметите се резултат на сериозни проблеми.

Извештајот беше изготвен во рамките на проектот “Проценка на потребите за судски одговор на корупцијата преку следење на кривичните предмети” поддржан од Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот на САД.

Главната цел на проектот е да се идентификуваат и анализираат проблемите во квалитетот и делотворноста на судскиот одговор на корупцијата на законодавно, институционално и индивидуално ниво, како и да се предложат соодветни и остварливи мерки за решавање на овие проблеми.

Овде можете да го најдете извештајот: https://www.osce.org/mission-to-bosnia-and-herzegovina/417527?download=true

Преземено од официјалниот вебсајт на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)