Говорници

Билјана Брејтвејт [Biljana Braithwaite], Програмска директорка за Западен Балкан, AIRE Центар

Билјана ја води Програмата за владеење на правото за Западен Балкан на AIRE Центарот. Таа во период на повеќе од 25 години испорача повеќе од педесет обемни проекти за владеење на правото, обезбедувајќи техничка помош преку градење на капацитети, законодавни реформи и добро владеење и иницијативи за борба против корупцијата. Таа има работено со низа национални институции, меѓународни финансиери и спонзори од приватниот сектор. Оваа година таа го иницираше воспоставувањето на Мрежата за родови шампиони во правосудството со поддршка на Претседателот и судиите на Европскиот суд за човекови права, собирајќи ги институциите за обука на судиите и судиите од целиот Западен Балкан. Мрежата ќе работи на зајакнување на улогата на 

судството во вградувањето на стандардите за родова еднаквост во регионот.

Како правничка со образование оформено на Универзитетот во Белград и на Институтот,,Раул Валенберг” при Универзитетот во Лунд, таа е коавтор на серија водичи за судии, носители на одлуки и практичари во Југоисточна Европа, кои се фокусираат на низа теми за човековите права, вклучувајќи ги правичното судење и независното судство, миграцијата, КОВИД-19 и неговото влијание врз човековите права и родовата еднаквост во судската пракса на ЕСЧП и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Горан Милетиќ [Goran Miletić], Директор за Европа и MENA во Civil Rights Defenders

Горан Милетиќ е Директор за Европа и MENA во Civil Rights Defenders. Од 2004 година, тој помага во водењето на активностите на организацијата на Западниот Балкан, соработувајќи и надградувајќи ги капацитетите на организациите за човекови права ширум регионот. За тоа време, тој бил особено ангажиран во изготвување и лобирање за усвојување на инклузивно законодавство за борба ПРОТИВ ДИСКРИМИнација на Западниот Балкан и е член на Европската комисија за законодавство за сексуалната ориентација (ECSOL), на Постојаниот комитет на Конференцијата на меѓународните невладини организации и на Советот на експерти за законодавство за невладините организации во рамките на Советот на Европа. Тој е член на Одборот на фондацијата „Хартефакт“ од нејзиното основање.

Виторе Туша [Vitore Tusha], Претседателка на Уставниот суд на Албанија

Д-р Виторе Туша е родена на 26.11.1960 година во Тирана, а дипломирала на Правниот Факултет на Универзитетот во Тирана во 1983 година. Од 1983 до 1990 година ја извршувала должноста правен службеник (извршител) во Окружниот суд Тирана, а потоа до 1992 година работела како адвокат. Во текот на 1992-1994 година таа била судијка во Окружниот суд во Тирана и во текот на 1994-2001 година судијка во Касациониот суд. Во текот на 1999-2001 година била претседателка на Граѓанскиот совет при овој суд. Во 1997 година се здобила со диплома Доктор на правни науки” на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана. Во 2004 година е избрана за потпретседателка на Националната адвокатска комора. Од 1986 година е предавач по Граѓанско право и Граѓанско процесно право на Правниот факултет и Школата за судии. Таа е коавтор на учебникот Граѓанско право и учествувала како правен експерт во изработката на повеќе закони. Во март 2008 година е именувана за член на Уставниот суд. Таа од јануари 2019 година до декември 2020 година ја извршувала должноста заменик началничка на Советот за именување во судството и вршител на должноста Претседателка на Уставниот суд. Од јануари 2021 година, како најстара судијка на функцијата, таа е овластена да ја врши функцијата Претседателка на Уставниот суд.

Елза Хаштад [Elsa Hastad], Шведска амбасадорка во Албанија

Амбасадорката Хастад работи во областа на човековите права од 1997 година, главно во поранешниот Советски Сојуз. Во периодот од 1997-1999 година работела на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Белорусија, каде што основала програма за заштита човековите права и демократијата во Белорусија под знамето на ОН. Во 1999 година, таа започнала да работи во Шведската меѓународна агенција за развој (СИДА). Помеѓу 2008 и 2011 година работела на теми поврзани со човековите права во Шведската амбасада во Ханој. Потоа станала директор на Одделот за Европа и Латинска Америка во СИДА. Од 1 септември 2019 година е амбасадорка на Шведска во Албанија.

Алестер Кинг-Смит [Alastair King-Smith], Британски амбасадор во Албанија

Аʌестер Кинг-Смит [Alastair King-Smith] е Британски амбасадор во Албанија. Тој ја презеде оваа позиција во август 2021 година, а е дипломат уште од 1996 година. Алестер претходно бил на служба во Министерството за надворешни работи, Комонвелт и развој во Лондон како заменик-директор, вклучително и како: раководител на меѓународната вклученост на Обединетото Кралство во трансвладината работна група за корона вирусот (2020); координатор на Глобалната кампања за слободата на медиумите и копретседавач на Коалицијата за слобода на медиумите (2019-20); како и раководител на меѓународната борба против екстремизмот и копретседавач на работната група на форумот за глобална борба против тероризмот што се однесуваше на сузбивањето на насилниот екстремизам (2015-18). Позициите на Алестер надвор од земјата биле првенствено во Средниот исток, Африка и Јужна Азија. Алестер поседува магистерска диплома со почести (MA Hons) во класични студии од Универзитетот во Кембриџ (Тринити колеџот). Тој говори албански, арапски, бразилски португалски и француски.

Павел Усватов [Pavel Usvatov], Директор на Програмата за владеење на правото за Југоисточна Европа во Фондацијата Конрад Аденауер

Д-р Павел Усватов е Директор на Програмата за владеење на правото за Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад-Аденауер. Пред да започне со својата работа за КАС, Павел Усватов работел како правен и политички консултант и бил вонреден професор на Универзитетот на вооружените сили Хелмут Шмит во Хамбург. Претходно, тој работел како клучен правен советник и вонреден професор по административно  право во проектот на ГИЗ за реформа на управното право во Јужен Кавказ во Баку, откако неколку години работел како адвокат во Хамбург.

Павел Усватов студирал право и источноевропски студии во Хамбург и Билбао. Потоа завршил постдипломски студии на Правниот факултет Албрехт Менделсон Бартолди (Универзитет во Хамбург), каде што докторирал со дисертација за компаративно право за државната Финансиска контрола, која била наградена. Редовно објавува  академски написи за прашања од уставното право и владеењето на правото во рецензирани правни списанија и држи предавања.

Роберт Спано [Robert Spano], Поранешен претседател на Европскиот суд за човекови права

Роберт Спано е поранешен судија и Претседател на Европскиот суд за човекови  права кој ја извршувал својата должност во Судот од 2013 до 2022 година, последните две и пол години како Претседател.

Пред да ја преземе неговата судиска функција, тој бил парламентарен народен правобранител на Исланд од 2009-2010 година и повторно во 2013 година. Бил Декан на Правниот факултет на Универзитетот во Исланд од 2010-2013 година, а за професор по право бил избран во 2006 година. Судијата Спано дипломирал на Универзитетот во Исланд и на Универзитетот во Оксфорд. На 1 јануари 2023 година, тој ќе се приклучи на меѓународната адвокатска компанија Gibson, Dunn & Crutcher (Лондон) како советник во областа на бизнисот и човековите права (ESG), меѓународната арбитража, дигиталните права/приватноста и владините политики и работи. Во моментот е гостин-професор на Универзитетот во Оксфорд и професор по право на Универзитетот во Исланд.

Мирјана Лазарова Трајковска, Судијка на ВрховНИОТ суд на Република Северна Македонија

Мирјана Лазарова Трајковска е избрана за судијка на Врховниот суд на Република Северна Македонија во март 2020 година. Од февруари 2008 до февруари 2017 година била судијка во Европскиот суд за човекови права. Од ноември 2015 до февруари 2017 година била Претседателка на Првиот оддел на Европскиот суд за човекови права. Од 2003 до 2008 година била судијка на Уставниот суд на Република Македонија. Од 2001 до 2003 година била раководител на Секторот за човекови права при Министерството за надворешни работи. Од 2002 до 2003 година била Претседател на Државната изборна комисија во Република Македонија. Во мај 2018 година, таа била гостин-професорка по човекови права на Универзитетот Ренмин во Кина во Пекинг. Во 2017 година, таа била гостин-соработник на Правниот факултет на Универзитетот во Бирмингем, Обединетото Кралство и на Правниот факултет на Католичкиот универзитет во Лил, Франција. 

Таа била членка на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија). Била и заменик-претседателка на Советот за демократски избори, членка на Надзорниот комитет за човекови права при Советот на Европа и членка на Работната група на Комитетот на експерти за државјанство на Советот на Европа (СЈ- NA-GT) кој работи на Конвенцијата за избегнување на состојбата бездржавјанство во контекст на сукцесијата на државите. 

Ања Зајберт-Фор [Anja Seibert-Fohr], Судија  на Европскиот суд за човекови права

Судијката Ања Зајберт-фор, избрана во однос на Германија, ја извршува функцијата судија на Европскиот суд за човекови права од јануари 2020 година. Пред да му се приклучи на Судот, поранешната потпретседателка на Комитетот за човекови права на ОН била професорка по јавно право, меѓународно право и човекови права Хенгстбергер и директорка на Институтот за уставно право, уставна теорија и филозофија на правото на Универзитетот во Хајделберг (2016-19) и директорка на Институтот за меѓународно и европско право на Универзитетот во Гетинген (2013-16). Претходно таа била на чело на Истражувачка група во Институтот за компаративно јавно право и меѓународно право Макс-Планк (2008-2013). Таа има Диплома за завршени мастер студии по право (LL.M.), докторски студии (S.J.D.) и се квалификувала како професор по право со „Habilitation” од Универзитетот во Хајделберг. Долги години има практично искуство преку нејзиниот ангажман во неколку иницијативи за владеење на правото, вклучително и во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Ерик Венерштром [Erik Wennerström], Судија на Европскиот суд за човекови права

Судија Ерик Венерштром е роден во Шведска во 1962 година. Тој е доктор по меѓународно право, право на ЕУ и правна јуриспруденција. Тој бил Директор за меѓународни односи и прашања за ЕУ во Министерството за правда и раководител за извршување на меѓународни правни работи во Министерството за правда и внатрешни работи (2007-2011) и бил главен правен советник за меѓународно право Во Министерството за надворешни работи (2007-2012 година). Од 2012 година тој бил Генерален директор на Националниот совет за превенција од криминал. Ерик Венерштром, исто така, бил член на управниот одбор на бројни меѓународни организации. Тој бил избран за судија на Европскиот суд за човекови права во април 2019 година.

Даријан Павли [Darian Pavli], Судија на  Европскиот суд за човекови права

Судијата Даријан Павли, од јануари 2019 година ја врши функцијата судија на Европскиот суд за човекови права избран во однос на Албанија. Пред да стане судија во Судот, Судијата Павли имал екстензивна пракса во областа на човековите права, која вклучувала и застапување пред водечките меѓународни и регионални механизМИ за човекови права. Неговата пракса, помеѓу другото, задржала главен фокус на слободата на изразување и здружување, како и на националните ограничувања на правата поврзани со безбедноста. Тој исто така придонел кон различните напори за воспоставување на стандарди во Европа, Северна и Јужна Америка и во другите региони. Во последните години, Судијата Павли го советувал Парламентот на Албанија за прашања кои се однесувале на главните правосудни реформи, како и за реформите за клеветата и за законот за слободата на информирање. Судијата Павʌи има и дипломи за постдипломски степени на студии од Централноевропскиот универзитет и од Правниот Факултет во Њујорк.

Леди Бјанку [Ledi Bianku], Поранешен судија на Европскиот суд за човекови права

Леди Бјанку е вонреден професор на Универзитетот во Стразбур и ја извршува функцијата меѓународен судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Тој исто така ја вршел функцијата на помошник адвокат во Doughty Street Chambers во Лондон и е член на Етичкиот комитет на Фондацијата „Принц Алберт Втори” (Prince Albert II Foundation). Од 2008-2019 година бил судија во Европскиот суд за човекови права во однос на Албанија. Претходно бил член на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанска комисија) од 2006-2008 година. Тој, исто така, претседавал со националното тело за аудио-визуелни медиуми од 2006 до 2007 година. Предавал меѓународно јавно право, право на ЕУ и право за човекови права на Правниот факултет во Тирана и на Албанската школа за судии од 1993-2007 година. Тој исто така ја вршел функцијата на правен советник за различни национални и меѓународни тела. Г-дин Бјанку има дипломирано на Универзитетотво Тирана и на Колеџот на Европа во Бриж.

Арнфин Бардсен [Arnfinn Bårdsen], Судија  на Европскиот суд за човекови права

Арнфин Бардсен е роден во Ставангер, Норвешка, во 1966 година, дипломирал на Универзитетот во Берген во 1992 година, каде исто така се стекнал со диплома за завршени докторки студии во 1999 година по меѓународно право за човекови права.

Paботел како вонреден професор на Универзитетот во Берген од 1992 до 2003 година, Додека во 1994-1995 година работел како заменик судија во Окружниот суд Јерен.

Од 2003 до 2008 година работел како судија/шеф на оддел и вршител на должноста началник на Апелациониот суд Гулатинг. Тој станал судија на норвешкиот Врховен суд во 2008 година. Бил член на неколку правни комисии. Тој е главен и одговорен уредник на Коментарот на Норвешкото законодавство од 2010 година.

Тој е избран за судија во Европскиот суд за човекови права на 1 јануари 2019 година и за Претседател на одделот од 1 ноември 2022 година.

Јован Илиевски, Судија на Европскиот  суд за човеквои права

Судијата Јован Илиевски е избран во Европскиот суд за човекови права како судија од Северна Македонија во февруари 2017 година. Од 2004 до 2017 година, тој бил претставник на Јавното обвинителство во Советодавната група на обвинители во Југоисточна Европа (SEEPAG) од нејзиното основање; од 1 јануари 2012 година бил Претседател на ова тело. Од 2006 до 2017 година, Toj БИ^ Член на Консултативниот совет на европските обвинители (КСЈП) при Советот на Европа. од 1 јануари 2012 година бил претседател на ова тело. Од 2006 до 2017 година, тој бил член на Консултативниот совет на европските обвинители (КСЈП) при Советот на Европа. Во 2013 година, докторирал на кривично право на Универзитетот во Скопје. Претходно, голем дел од својата кариера ја поминал во Јавното обвинителство во Скопје, работејќи како раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 2012 до 2017 година. Од 2013 до 2017 година бил професор на Државниот универзитет во Штип. Во 2015 година ја извршувал функцијата Претседател на Комисијата за усогласување на казнената политика.

Тим Ајке [Tim Eicke], Судија на Европскиот  суд за човекови права

Судијата Тим Ајке е избран во Европскиот суд за човекови права како судија од Обединетото Кралство во 2016 година. Тој станал адвокат во Лондон во 1993 година, добил звање Queen’s Council (сега К.С) во 2011 година и станал член на адвокатската комора Линколн Ин во 2014 година. Тој порано работел како помлад застапник на Круната, како и во адвокатскиот панел на Комисијата за еднаквост и човекови права. Тим Ајке исто така бил долгогодишен уредник на европските извештаи за човековите права. Студирал право на Универзитетот во Пасау, Германија и на Универзитетот Данди во Обединетото Кралство, каде што се стекнал со диплома по англиско право со почести (LL.B. (Hons)).

Ивана Јелиќ [Ivana Jelic], Судијка на Европскиот суд за човекови права

Судијката Ивана Јелиќ е избрана во Европскиот суд за човекови права како судијка од Црна Гора во јули 2018 година. Таа е членка на Комитетот за правни науки на Црногорската академија на науките и уметностите од 2015 година, како и член на Сенатот на Црногорското здружение на правници, од 2018 година. Пред да се приклучи на Судот, таа била потпретседател и член на Комитетот за човекови права на ОН (2015-2018) и била вработена како вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот во Црна Гора. Студирала право на Универзитетот во Црна Гора, Универзитетот во Белград, Правниот факултет Беркли и на Правниот факултет Колумбија во Њујорк, како стипендист на програмата Junior Faculty Development. Таа магистрирала (2004) и докторирала право (2007) на Правниот факултет при Универзитетот во Белград, Србија.

Џон Стауфер [John Stauffer], Директор за правни работи и заменик извршен директор во Civil Rights Defenders

Џон е адвокат за човекови права со магистратура по правни науки од Универзитетот во Стокхолм. Тој претходно работел во Народниот правобранител против етничка дискриминација и Народниот правобранител за еднаквост каде што бил одговорен за истражување на случаи на дискриминација. Џон, исто така, поминал време во Босна и Херцеговина по конфликтот работејќи со човековите права. За време на неговата четиригодишна работа со мисијата на ОБСЕ, Џон првично се фокусирал на создавање услови за враќање на раселените лица. Подоцна, како директор на Одделот за човекови права, тој бил одговорен за работата на организацијата за

прашања како што се воените злосторства, владеењето на правото, малцинските права, економските и социјалните права. Тој се приклучил на Civil Rights Defenders Во март 2013 година.