Извршување на пресудите на ЕСЧП во Северна Македонија

На 13 и 14 февруари 2023 година, Одделот за извршување на ЕСЧП спроведе мисија во Северна Македонија во врска со извршувањето на неколку пресуди на ЕСЧП пред Комитетот на министри да го испита тоа прашање, вклучувајќи го и предметот X. (29683/16, 17/04/2019) во врска со правното препознавање на родот. Во оваа прилика, Одделот имаше средби со пратеници и претставници на Министерството за правда, на кои разговараше за предизвиците со кои се соочуваат при усвојувањето релевантни законски мерки.

Одделот, исто така, одржа консултации со претставници на Министерството за правда и Министерството за труд и социјална политика коишто се вклучени во измените во Законот за семејство, за да се обезбеди ефективно остварување на правата на родителите и бабите и дедовците на контакт со нивните деца и внуци (предмет Митови, претставка бр. 53565/13, 16.4.2015). Надлежните информираа за сеопфатната реформа на граѓанското право, вклучително и кодификацијата на семејното право, којашто е предвидена за наредната година.

Се разговараше и со Министерот за внатрешни за усвојување на регулаторна рамка заради спречување на неограниченото задржување на примероците од ДНК земени во кривична постапка, вклучително и за соодветни постапки за барање бришење на таквите податоци (предмет Трајковски и Чиповски, претставка бр. 53205, 13/ 02/2020). Министерот даде информации за чекорите кои се предвидени со цел да се обезбеди дека чувањето на сите податоци во надлежност на Министерството е во согласност со ЕКЧП.

Во текот на мисијата, Одделот одржа и консултативни средби со властите за извршување на предметот Китановски (претставка бр. 15191/12, 22.1.2015 година) за прекумерна употреба на сила/злоставување од страна на полицијата и неефикасните кривични истраги, вклучително и за функционирањето на Механизмот за надворешен надзор, за мерките за обука и подигање на свеста за државните службеници, како и за потребата да се повтори јасната порака за нулта толеранција на злоставувањето од страна на полицијата. Се планира Комитетот на министри да го испита извршувањето на оваа група предмети на состанокот за човекови права во јуни 2023 година.

Властите покажаа јасна решеност да ги преземат неопходните чекори за усвојување мерки неопходни за извршување на пресудите на ЕКЧП и да се потпрат на експертизата на Советот на Европа, со цел да се спречат слични прекршувања на Конвенцијата.

Преземено од официјалниот веб-сајт на Советот на Европа