Новиот акциски план на БиХ за подобрување на правата и слободите на ЛГБТ лицата

Босна и Херцеговина во октомври ја претстави својата прва стратегија за подобрување на правата и слободите на ЛГБТ лицата, што претставува чекор кон усогласување на заштитата на човековите права во земјата со стандардите на Европската унија.

Усвоен од владата во јули и претставен од државното Министерство за човекови права и бегалци, Акцискиот план за ЛГБТ лицата за периодот од 2021 до 2024 година е прв од ваков вид во Босна, а се однесува на говорот на омраза, слободата на собирање, семејното право, правата на трансродовите лица, предрасудите и стереотиповите.

Теоретски, планот треба да го отвори патот кон регулирање на истополовите граѓански партнерства, да им помогне на трансродовите лица во пристапот до медицински услуги и промена на личните документи, како и да ја олесни слободата на собирање.

Во својот последен извештај за Босна, Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата ја нагласи потребата од обезбедување конзистентна стратешка рамка за човековите права, вклучително и усвојување на стратешка рамка за заштита на ЛГБТ лицата. ЕУ упати слични повици, повикувајќи се на Европската конвенција за човекови права.

„Од овие универзално прифатени стандарди произлегуваат обврските за почитување, остварување и заштита на правата на сите поединци и групи во општеството, без разлика на нивниот личен или групен идентитет“, се вели во планот.

Акцискиот план може да го најдете овде.

Преземено од официјалната веб-страница на „БалканИнсајт“