Објавен е извештајот на Конференцијата за социјални и економски права на присилно раселените лица во судирите во поранешна Југославија

На конференцијата која се одржа во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина во јуни, 2017 година, оценет е напредокот во остварување на социјалните и економските права во текот на Сараевскиот процес. На конференцијата беше понудена можност да се испитаат идеите за понатамошно подобрување на условите за живот на раселените лица од регионот, потпирајќи се на правата содржани во Европската социјална повелба.

Во регионот како трајно решение се предвидуваат стамбени населби,  а Регионалниот стамбен проект се покажал како најдобар начин за напредок во остварување на социјалните и економските права на бегалците, но и на внатрешно раселените лица. Друг важен елемент на трајното решение е идејата стамбените населби да придонесат за повторно воспоставување на заеднички живот, и на тој начин раселените лица да станат самоодржливи.

Во текот на конференцијата беа разменети искуства за позитивен напредок на државите од регионот преку интервенции на јавните функционери, УНХЦР, омбудсманите и невладините организации. Забележана е заинтересираност за примената на Европската социјална повелба од страна на граѓанското општество, особено преку механизам на колективни жалби или со доставување на „извештај во сенка“ до Европскиот комитет за социјални права, но исто така е забележано и дека Европската социјална повелба нуди инспирација и тенденција за работа на Омбудсманите во регионот. Со оглед на тоа, како заклучок се нагласува дека Европската социјална повелба поставува корисна рамка за понатамошно делување во заштитата на социјалните права на внатрешно раселените лица.

Извештајот можете да го погледнете тука: https://rm.coe.int/report-conference-idps-sarajevo/16808c8ed0

Преземено од официјалната интернет страна на Советот на Европа