27 Мар Семејно насилство – спроведување програми за сторители во Косово
Во рамките на проектот „Засилување на борбата против насилство врз жени и семејно насилство во Косово – фаза III“, се изработи резиме на политиката, чија цел е да го поддржи спроведувањето на програми за сторители на семејно насилство во Косово.
Резимето нуди преглед на моменталната ситуација и содржи практични мерки за реформирање на постоечката рамка на законодавство и политики. Семејното насилство и насилството врз жени и натаму е распространето во Косово. Од уставните амандмани во 2020 година, Истанбулската конвенција директно се применува во Косово, што значи дека има приоритет над локалните закони и политики. Иако Истанбулската конвенција ја нагласува важноста на воспоставување програми за сторители како превентивна мерка против повторување на делото, засега не постојат програми воспоставени од јавни институции што ги исполнуваат условите на член 16 од Истанбулската конвенција.
Ова резиме на политиката има за цел да ги поддржат локалните власти во спроведувањето на програмите за сторители на семејно насилство. Конечно, во резимето се предложени чекори коишто треба да ги земат предвид сите релевантни институции, особено Министерството за правда, при воспоставувањето програми за сторители. Освен што се овикува на меѓународните закони за човекови права и добри практики, резимето ги зема предвид и специфичностите на локалниот контекст.
Резимето на политиката е достапно на: https://rm.coe.int/implementing-perpetrator-programmes-in-kosovo-english/1680aa5265
Преземено од веб-сајтот на Советот на Европа