Случај Биговиќ против Црна Гора

Во случајот Биговиќ против Црна Гора, Европскиот суд за човекови права утврдил повреда на членот 5, став 1, повреда на членот 5, став 3 и повреда на член 3 (во врска со условите на притвор) од Европската конвенција за човекови права.

Жалителот, Љубо Биговиќ, е црногорски државјанин, кој во моментот отслужува 30-годишна затворска казна во Спуж (Црна Гора), меѓу другото, и поради тешко убиство на висок полициски службеник (инспектор). Предметот се однесува на неговите жалби поврзани со притворањето, вклучувајќи ги и лошите услови и несоодветната здравствена нега.

Биговиќ бил уапсен во февруари 2006 година и му бил одреден притвор поради ризикот од бегство. Неговиот притвор бил продолжуван во наредните четири години и седум месеци поради истата причина. Потоа, судовите сметале дека, исто така, неговото ослободување сериозно би го нарушило јавниот ред и мир. Во текот на периодот кој го поминал во притвор, тој боледувал од различни болести, вклучувајќи и улцеративен колитис, катаракта, проблеми со колената и депресија.

Тој безуспешно поднесувал барања за пуштање од притвор во повеќе наврати, првенствено заради здравствени причини, притоа жалејќи се на должината и недостатокот на судска ревизија (преиспитување) на неговиот притвор како и на причините за истиот, несоодветната здравствена нега и лошите услови во притвор.

Судот не најде повреда на член 3 (забрана на нечовечко или понижувачко постапување) од Европската конвенција за човекови права (“Конвенција”) во однос на здравствената нега која на жалителот му била пружена во притвор, туку истакна дека тој добивал соодветна здравствена нега подолг временски период.

Поднесоците на жалителот во врска со условите на неговиот притвор биле поткрепени од страна на КПТ, кој во својот извештај од 2008 година забележал дека е “алармантно нивото на пренатрупаност” во притворското одделение од затворот во тоа време, а ќелиите се задушливи и влажни. Од друга страна, Владата не приложила докази кои противречат на тврдењета во поднесокот на жалителот во врска со неговиот притвор помеѓу 16 февруари 2006 година и 5 август 2009 година, за кои очигледно не постои евиденција. Имајќи го предвид тоа, Судот утврди повреда на членот 3 во однос на условите за притвор.

Судот понатаму утврди дека дошло до повреда на членот 5 став 1 од Конвенцијата заради недоволно прецизните налози за притвор во однос на времетраењето на продолжувањето на притворот и периодите во кои и по повеќе од два месеци откако било подигнато обвинение изостанале нови налози за продолжување на неговиот притвор.

Судот понатаму утврдил дека дошло до повреда на членот 5 став 1 од Конвенцијата заради недоволно прецизните налози за притвор во однос на времетраењето на продолжувањето на притворот и периодите во кои и по повеќе од два месеци откако било подигнато обвинение изостанале нови налози за продолжување на неговиот притвор.

Судот понатаму сметаше дека, освен фактот дека жалителот бил релативно млада личност, при продолжувањето на притворот, судовите не ги разгледале неговите лични околности, како што се неговиот карактер и морал, дом, занимање, имот, семејни врски и разните други врски со земјата во која против него се водел кривичен прогон. Сето тоа се фактори во однос на кои треба да се процени ризикот од бегство. Покрај тоа, Судот забележа дека домашните судови не дале никакви експлицитни проценки за пропорционалноста на продолжениот притвор на жалителот, особено во однос на неговата здравствена состојба и протекот на времето. Оттаму, во овој предмет дошло до повреда на член 5, став 3.

Преземено од официјалниот сајт на Европскиот суд за човекови права