Со одложеното враќање на работа на суспендираниот обвинител е сторена повреда на член 8

Во предметот Гаши и Џина против Албанија (претставка бр. 29943/18, 4.4.2023 година) Европскиот суд за човекови права едногласно оцени дека имало повреда на членот 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права во однос на г-дин Џина.

Подносителите на претставката, Ровена Гаши и и Дритан Џина, се албански државјани кои во моментот на предметните настани биле во брак и работеле како обвинители. Случајот се однесувал на кривична истрага против жалителите поради сомневање за неправилности поврзани со нивното пријавување на имот и финансиски интереси во текот на годините и нивно суспендирање од нивните позиции како обвинители како што налага релевантното законодавство.

Во 2016 година, Албанија започна со спроведување низа реформи во правосудниот систем, што значеше повторна оцена на работата на сите активни обвинители, вклучително и на подносителите на претставката. Во овој контекст, г-ѓа Гаши ги пријави својата и имотната состојба на нејзиното семејство. Сепак, беше разрешена од функцијата во 2018 година поради тоа што не ја минала успешно оцената на финансиски интегритет. Таа вложила жалба, но на крајот го загубила спорот со конечната одлука во мај 2019 година. Во меѓувреме, била суспендирана според законите за проверка како што се бара со релевантното законодавство. Г-дин Џина и самиот мина низ процесот на проверка во 2020-2021 година.

Судот забележа дека, во мај 2018 година, Привремениот јавен обвинител издал налози за суспензија на подносителите на претставката, со што веднаш ги спречил да ги извршуваат нивните службени должности. Налозите се засновале на фактот дека против нив била во тек кривична истрага за „тешко кривично дело сторено со намера“ и на фактот дека тие биле обвинети. Суспензијата станала задолжителна уште во моментот во кој судијата или обвинителот се стекнале со статус на обвинети во кривичната истрага за тој вид на дело и траела до завршување на кривичната постапка или до донесување на правосилна судска одлука.

Во однос на г-ѓа Гаши, Судот одлучи дека нејзината жалба во врска со нејзиното суспендирање не спаѓа во опфатот на член 8, бидејќи таа не покажала дека последиците по нејзиниот приватен живот од налогот за суспензија, која била на сила нешто повеќе од два месеци во текот на кои таа продолжила да прима плата, биле доволно сериозни за да се примени членот 8. 

Сепак, Судот се увери дека последиците за г-дин Гина, вклучително и спреченоста да работи 20 месеци, како и несигурноста на неговата ситуација во тој период, и покрај тоа што продолжил да ја прима својата плата, биле доволно сериозни за да доведат до примена на член 8 и 3, поради тоа што тоа претставувало „мешање“ во неговиот приватен живот.

Судот оцени дека неговата суспензија немала никаква правна основа откако кривичната истрага против него завршила, и затоа не била „во согласност со законот“. Според тоа, Судот утврди дека суспензијата на г-дин Џина од функцијата претставувала повреда на Конвенцијата.

Преземено од веб-сајтот на Европскиот су за човекови права