17 Апр Етничко профилирање на ромската заедница
Во предметот на Лингурар (Lingurar) против Романија (жалба бр.44744/14, 16.04.2019) Европскиот суд за човекови права едногласно одлучи дека дека дошло до:
- повреда на членот 3 (забрана на нечовечко или понижувачко постапување) од Европската конвенција за човекови права во однос на малтретирањето на семејството на жалителот за време на рацијата, и
- две повреди на член 14 (забрана на дискриминација) во врска со членот 3 бидејќи рацијата била расно мотивирана, а истрагата која следувала била неделотворна.
Предметот се однесуваше на рација во 2011 година од страна на 85 полицајци и жандарми во ромската заедница во Валцеле (Vâlcele), Романија на 15 декември 2011 година.
Судот изјави дека жалителите биле оставени со повреди за кои била потребна медицинска помош по рацијата, дека било достигнато минималното ниво на сериозност според членот 3 и дека немало оправдување за несразмерната употреба на сила за време на рацијата во домот на семејството на жалителот. Жалителите биле невооружени и никогаш не биле обвинети за насилно кривично дело додека четирите жандарми кои извршиле рација во нивниот дом биле високо обучени за брзи интервенции.
Судот забележа дека, за да се оправда рацијата, Владата поднела план за полициска интервенција, изготвен пред 15 декември 2011 година. Во планот јасно се става до знаење дека рацијата била целно насочена кон етничките Роми поради нивното асоцијално однесување и високиот стапка на криминал во таа етничка група. Исто така, истражителите ја објасниле наводната агресивност на жалителите со нивните етнички особини или навики кои се “специфични за Ромите”. На овој начин, жалителите биле мета бидејќи биле Роми и затоа што властите ја сметале ромската заедница во целина како криминална.
Судот се осврна и на доказите што ги поднеле странките кои покажуваат дека ромските заедници честопати се соочуваат со институционализиран расизам. Самите жалители се жалеле и на властите на таквото системско насилство за време на истрагата за нивните наводи, но властите не успеале да истражат дали дискриминацијата играла некаква улога во рацијата. Исто така, дошло и до повреда на членот 14 во врска со членот 3 во однос на истрагата.
Преземено од официјалниот сајт на Европскиот суд за човекови права