Првиот Форум за владеење на правото понуди можност за учество во регионално фокусирани пленарни дискусии за клучните пречки за спроведувањето на Конвенцијата на национално ниво, заедничките предизвици во регионот и придобивките од регионалната соработка за нивно надминување. Судии од Стразбур ги запознаа учесниците со последните случувања во судската пракса на ЕСЧП во врска со прашањата кои се најрелевантни за регионот.
[FinalTilesGallery id='1']
Форумот имаше три главни цели. Прво, да се промовира спроведувањето на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) во регионот, второ, да се поттикне регионалната соработка во врска со континуираниот развој на владеењето на правото и човековите права, и трето, за да помогне во процесот на интеграција на регионот во ЕУ. За прв пат земјите од регионот соработуваат на овој начин. Настанот го отвори Заменик-претседателот на Владата на Црна Гора и Министер за правда, Душко Марковиќ, и Претседателот на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Медeница. На форумот, исто така, учествуваа и четворица судии од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур. Учесниците доаѓаа од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово 1 *, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Форумот собра на едно место претседатели и судии на врховните судови и уставните судови од регионот, директори на академиите и институциите за обука во судството, владини агенти пред судот во Стразбур, претставници на невладини организации и истакнати правни експерти во оваа област. Aгендата за настанот вклучуваше: (1) презентација на центарот AIRE за европската база на податоци за човекови права за ЈИЕ; семинари од страна на судии на ЕСЧП и отворени дискусии за: (2) новите случувања во судската пракса на ЕСЧП кои се релевантни за регионот и (3) важноста на извршувањето на пресудите на национално ниво. Учесниците беа поканети да да земат учество во мали работни групи во рамките на кои дополнително би се работело на заклучоците од дискусијата усвоени на семинарите. Конечно, форумот заврши со кратка презентација на претставникот на Советот на Европа за активностите и програмите за соработка во регионот и со завршна дискусија. Форумот беше успешен производ на меѓурегионалната соработка и споделувањето на најдобрите пракси во судските реформи во контекст на европската интеграција и организаторите имаат намера овој регионален настан да продолжи да се одржува еднаш годишно.