Четврти регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

17-18 МАРТ 2017- ХОТЕЛ ШЕРАТОН ТИРАНА

Во 2017 година, темата на форумот беше слободата на изразување дадена во член 10 од ЕКЧП и нејзината поврзаност со правото од на правично судење, според член 6, и правото на почитување на приватниот живот, според член 8. На форумот ќе бидат истакнати прашања кои се однесуваат на слободата на изразување иправосудството, медиумското известување за правосудните прашања, како и говорот на омраза присутен на интернет, во политиката и во медиумите.

[FinalTilesGallery id='2']

Извештај

Четвртиот Регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа се одржа на 17 и 18 март 2017 година во Тирана, Албанија, во хотелот Шератон. Овој годишен форум, воспоставен од центарот AIRE и Civil Rights Defenders во март 2014 година, е местото каде се сретнуваат високи претставници од највисоките судови, институции и невладини организации од целиот регион. Целта е да се поттикне регионалната соработка во зајакнувањето на владеењето на правото и почитувањето на човековите права, и да им се помогне на земјите од Југоисточна Европа во процесот на интеграција во ЕУ. Форумот се одржува веќе четврта година по ред и тоа е доказ за вредноста на настанот, како и показател за постоењето на одржлив, ако не и растечки интерес за заштитата на начелото на владеење на правото и човековите права во регионот. Овогодинешниот форум беше организиран со поддршка на Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Обединетото Кралство, Владата на Шведска, Советот за регионална соработка и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ). Четвртиот форум беше посветен на слободата на изразување според член 10 од ЕКЧП и нејзината поврзаност со правото на правично судење, според член 6, и правото на почитување на приватниот живот, според член 8. Правото на слобода на изразување е фундаментално право во едно демократско општество, но неговата поврзаност со овие други права, иако честопати е од комплементарна природа, исто така може да биде и спорна. Таа меѓусебна поврзаност на различните права е предизвик за судиите и професионалците во правната област на национално ниво, но одржувањето на вистинската рамнотежа меѓу нив е од суштинско значење во едно демократско општество. Токму поради тоа, оваа тема беше избрана за овогодинешниот форум. На форумот беа застапени Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, како и Турција и Русија. Учесниците од овие земји вклучуваа сегашни и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права, претседатели и судии на националните врховни и уставни судови, претседатели и претставници на националните судски совети, директори на академиите и институциите за обука во судството, владини агенти пред ЕСЧП, претставници на невладините организации и истакнати правни експерти. Беше тоа ден и пол исполнет со панел дискусии, интерактивни работни групи и презентации, во чии рамки учесниците добија можност да се сретнат и да дадат свој придонес кон одржаните расправи.