Осми годишен регионален Форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

3-4 Септември 2021

На 3 и 4 септември 2021 година, AIRE Центарот и Civil Rights Defenders ќе го организираат Осмиот регионален Форум за владеење на правото во Југоисточна Европа.

Форумот ќе се одржи на централната конференција во Дубровник, на која ќе присуствува Претседателот на Европскиот суд за човекови права, судии и поранешни судии на Европскиот суд за човекови права и поранешниот Директор и Секретар на Венецијанската комисија на Советот на Европа. Претставниците од регионот ќе се обединат во регионалните работни центри во Белград, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје, Тирана и Загреб, каде ќе земат учество претседатели и судии на врховните и уставните судови, омбудсмани, Владините агенти пред Судот во Стразбур, претставници на академиите за судии, претставници на невладините организации и истакнати правни експерти од регионот.

Форумот ќе биде интерактивен настан, со можност учесниците од целиот регион да се поврзат и да се вклучат кон централната конференција и едни со други, преку видео врска.

Форумот е поддржан од Владата на Обединетото Кралство, Владата на Шведска, Фондацијата Конрад Аденауер и Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.

Независност и непристрасност на судството

Темата на овогодинешниот форум е „независноста и непристрасноста на судството“.

Разбирањето и спроведувањето на правото на јавна расправа пред независен и непристрасен трибунал воспоставен со закон согласно членот 6 од ЕКЧП се два суштински аспекти на напорите за владеење на правото низ Југоисточна Европа. 

Извесно е дека постоењето на независен и непристрасен судски систем е потребен за да бидат повикани на одговорност државните власти во случаи кога нивните пoстапувања ги загрозуваат или се во спротивност со принципите на владеење на правото. Меѓутоа, многу потешко е прашањето за тоа каде точно треба да се најде рамнотежата на моќта помеѓу различните гранки на власта. Факт е дека и ЕСЧП и СПЕУ продолжуваат да го развиваат својот пристап кон ваквите прашања, што ја прави оваа тема особено актуелна за овогодинешниот Форум.

Форумот ќе даде можност за сублимирање на клучните принципи и барањата развиени од ЕСЧП во однос на правото на судење пред независен и непристрасен трибунал воспоставен согласно закон, земајќи ги предвид најновите случувања во Судот. Ова ќе вклучува дискусија за клучните критериуми за да се утврди дали еден трибунал е независен, непристрасен и воспоставен согласно закон, како и анализа на односот помеѓу независноста и непристрасноста со другите членови на Конвенцијата.

Експертите во областa исто така ќе се осврнат на некои од клучните предизвици за заштита на независноста и непристрасноста во регионот. Конечно, како и секогаш, Форумот ќе поттикне дијалог и соработка помеѓу експертите за да се разгледаат најефикасните, практични начини на кои земјите од регионот можат да работат за да ги надминат ваквите предизвици.

Извештај

Централна конференција

Белград

Подгорица

Приштина

Сараево

Скопје

Тирана

Загреб