Во овој документ се дадени пресуди и избрани одлуки на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Црна Гора. Црна Гора ја ратификуваше Европската конвенција за човекови права и основни слободи на 6 јуни 2006 година, три дена откако ја прогласи својата независност. Црна Гора се смета за одговорна за исполнување на обврските од Конвенцијата од датумот на ратификација на Конвенцијата од страна на поранешната државна заедница на Србија и Црна Гора, на 03 март 2004 година. Од 31 декември 2016 година Судот има донесено 24 пресуди и 34 одлуки за допуштеност кои се однесуваат на Црна Гора.