Осми годишен регионален Форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

Независност и непристрасност на судството

АГЕНДА

Петок 03 сеп.

2021

09.30

Сесија за отворање на настанот

Добредојде од организаторите и вовед во Форумот

Билјана Брејтвејт, Програмска директорка за Западен Балкан, AIRE Центар
Горан Милетиќ, Директор за Европа, Блискиот исток и Северна Африка, Civil Rights Defenders
Д-р Павел Усватов, Директор на Програмата за владеење на правото
во Југоисточна Европа, Фондација „Конрад Аденауер“

Кусо обраќање од регионалните градски центри

10.10

Главно обраќање: Владеењето на правото под притисок –
Рефлексии врз независноста и непристрасноста на судството

Судија Роберт Спано, Претседател на Европскиот суд за човекови права

10.30

Пауза

11.00

Панел дискусија

Клучни критериуми за утврдување дали еден трибунал е независен, непристрасен и воспоставен
со закон – дискусија во контекст на неодамнешниот развој на судската пракса на ЕСЧП

Модератори: Леди Бјанку и Билјана Брејтвејт

Панелисти: Судија Ксенија Турковиќ, Судија Тим Ајке, Судија Ивана Јелиќ

1. Правото на „трибунал воспоставен со закон“ како самостојно право, вклучувајќи и
преглед на неодамнешната, релевантен развој на судската пракса на ЕСЧП.

2. Клучни критериуми за утврдување дали еден трибунал е независен.

3. Клучни критериуми за утврдување дали еден трибунал е непристрасен.

11.45

Прашања и придонеси

 

Вовед од страна на Судијата Фарис Вехабовиќ
Прашања и интервенции од центрите ширум регионот

12.30

Пауза

13.30

Панел дискусија

Врска помеѓу независноста и непристрасноста и другите членови од Конвенцијата

Модератор: Судија Ерик Венерштром и Горан Милетиќ

Панелисти: Судија Пол Леменс, Судија Бранко Лубарда, Судија Јован Илиевски

1. Поврзаност со другите аспекти од членот 6, вклучувајќи ги презумцијата
на невиност, правото на судење во разумен рок, правото на јавна
расправа и барањето да се обезбедат причини за пресудите.

2. Правото на независен и неприсрасен суд востановен со закон како аспект на
процесните заштитни мерки кои произлегуваат од другите Конвенциски права.

3. Правата на судиите: постигнување баланс помеѓу заштитата на правата на судиите како поединци и барањето
тие да ги зачуваат независноста и непристрасноста на судството при извршењето на нивните должности.

14.15

Прашања и придонеси

Вовед од страна на Судијата Даријан Павли
Прашања и интервенции од центрите ширум регионот

14.45

Крај на денот 1

Форумот продолжува во регионалните работни центри со
модерирана дискусија за клучните предизвици за заштитата
на независноста и непристрасноста на судството во земјите
од регионот и споделување на најдобрите практики во
надминувањето на овие предизвици

Сабота 04 сеп.

2021

09.30

Преглед на ситуацијата во Западен Балкан

Повратно известување во живо од националните работни групи преку видео линк

Модератор: Крешимир Камбер, Директорат на Правниот советник
(Jurisconsult), Европски суд за човекови права

10.50

Пауза

11.15

Улогата на Венецијанската комисија во зачувувањето на судската независност

 

Томас Маркерт, поранешен Директор и Секретар на Венецијанската комисија

11.30

Панел дискусија

Safeguarding the right to an independent and impartial judiciary established
by law – key challenges and best practice in the region

Модератори: Судија Тим Ајке и Билјана Брејтвејт

Панелисти: Судија Роберт Спано, поранешниот Судија Мирјана
Лазарова Трајковска и поранешниот Судија Леди Бјанку

1. Улогата на судството (вклучувајќи ги транспарентноста, јавноста, судиската обука и етика).
2. Улогата на другите гранки на власта.
3. Улогата на другите институции, како на пример, судските совети и медиумите.

12.15

Прашања и придонеси

Прашања и интервенции од центрите ширум регионот

13.00

Заклучна дискусија

Заклучоци од Форумот

13.15

Крај на Форумот