Десетти годишен регионален Форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

10 – 11 ноември 2023

Десеттиот годишен регионален Форум за владеење на правото во Југоисточна Европа, организиран од AIRE Центарот и Civil Rights Defenders, ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина, на 10-11 ноември 2023 година.

Регионалниот Форум за владеење на правото е еден од најзначајните настани годинава за припадници на судството, адвокати, правни практичари и невладини организации во Западниот Балкан. Форумот има цел да го унапреди спроведувањето на Европската конвенција за човекови права во земјите од регионот, да поттикне регионална соработка и да го помогне процесот на интеграција на регионот во ЕУ.

Годинашниот Форум ќе се се фокусира на темата „ Балансирање помеѓу заштитата на личните податоци и транспарентната правда – Европска правна рамка“. Дискусиите ќе се насочат кон заштита на правото од членот 8 од Конвенцијата, правото на почитување на приватен и семеен живот, во контекст на судски постапки, земајќи ги предвид гаранциите наложени според членот 6 од Конвенцијата, што го уредува правото на правично судење. Тука е опфатено воспоставување рамнотежа меѓу потребата за обезбедување судска транспарентност и потребата за заштита на правото на приватен живот на странките во постапките, со определување кога е прикладно или неопходно да се анонимизираат (отстранат имињата во) пресудите и дали и кога е дозволено да се прифати доказ добиен со пресретнати електронски комуникации и/или да се заснова определена пресуда (одлука) врз таков доказ. Овие прашања се актуелни ширум Европа, со оглед на тоа што постојано еволуирачката технологија продолжува да го трансформира начинот на кој ние вршиме истрага и гонење за кривични дела и како ги водиме судските постапки.

Report