04 Јун Втора анкета за заедницата на ЛГБТ
Седум години откако беше објавена првата анкета во 2012 година, Агенцијата за основни права на Европската унија (FRA) во мај 2019 година ја започна втората верзија на анкетата за ЛГБТ. Целта е да се соберат искуства од дискриминација, малтретирање, криминал од омраза и говор на омраза, како и ставови и предизвици со кои се соочуваат лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, транссексуалците, и за прв пат, интерсексуалните лица. На анкетата може да одговори секој што е на возраст од 15 години и постари, се смета себеси за член на ЛГБТИ и живее во Европската унија, Србија или Северна Македонија.
Првата анкета за ЛГБТ имаше за цел да го пополни јазот создаден заради недостатокот на статистички податоци за искуствата на лицата од заедницата на ЛГБТ во ЕУ. Пребројувајќи над 93.000 одговори, таа стана најголема збирка на податоци во тоа време. Објавените резултати понудија информации за многу мерки на политиките насочени кон соочување на дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
Повторувањето на анкетата ќе овозможи собирање на докази неопходни за споредување на резултатите од анкетата спроведена во 2012 година и проценување на политиките поткрепени со претходните податоци. Проширувањето на анкетата на лица од интерсексуална ориентација дополнително ќе помогне да се информираат политичарите и законодавците за прашањата поврзани со половите карактеристики.
Анкетата ќе се спроведе на интернет помеѓу мај и јули 2019 година, а резултатите ќе бидат објавени во 2020 година.
Анкетата е достапна на многу јазици.
Истата можете да ја преземете тука: https://lgbtisurvey.eu/lgbti/
Преземено од Советот на Европа