25 Јун Губење на статусот на жртвата настапува ако судот признае дека одреден дел од казната затвор е веќе издржан во форма на компензација заради претерано долга кривична постапка
Во предметот Кјарело против Германија (жалба бр. 497/17, 20 јуни 2019 година), Европскиот суд за човекови права („ЕСЧП“) едногласно заклучи дека не дошло до повреда на член 6, став 1 (право на правично судење во разумен рок) од Европската конвенција за човекови права („Конвенцијата“).
Предметот се однесуваше на времетраењето на кривичната постапка.
Подносителот на жалбата, г-дин Кјарело, работел како затворски чувар во Саарбрукен. Во мај 2008-та година, тој бил обвинет за примање мито од 200 евра и шверц на телефон во затворот за да му го даде на еден од затворениците. Тој бил ослободен од Окружниот суд во ноември 2011-та година. Во април 2015-та година, после поднсувањето на жалба од страна на јавниот обвинител против првостепената пресуда, предметот бил вратен во Окружниот суд, кој потоа го прогласил жалителот за виновен за примање мито и го осудил на осум месеци затвор. Меѓутоа, Окружниот суд ја укинал казната, му изрекол условна казна и заради претераното времетраење на постапката прогласил дека затворската казна од три месеци месеци била веќе издржана.
ЕСЧП утврди дека кривичната постапка во предметот на жалителот траела осум години и пет месеци на четири нивоа на надлежност. Што се однесува до тоа дали траењето на постапката е разумно, ЕСЧП конкретно истакна дека предметот на г-дин Кјарела вклучувал седуммина обвинети, претставени од страна на бранители, како и сеопфатно изведување на доказите.
Меѓутоа, ЕСЧП утврди дека дошло до период на продолжена неактивност помеѓу јануари 2013 и февруари 2015 година. Во овој поглед, ЕСЧП утврди дека иако жалителот не добил надомест, а ниту постапката била прекината поради неразумното времетраење, Регионалниот суд експлицитно признал дека кривичната постапка траела предолго во тој период на неактивност и затоа ги пресметал тие три месеци како веќе издржана казна, што претставува еден облик на компензација. Овој облик на компензација не беше теоретски, туку ја намалил затворската казна од осум на пет месеци на експлицитен и јасен начин.
ЕСЧП исто така конкретно утврди дека г-дин Кјарело повеќе не може да тврди дека е „жртва“ во смисла на член 34 од Конвенцијата, бидејќи изрекувањето на неговата условна казна од три месеци затвор е доволна и соодветна компензација за неразумно долгата кривична постапка. Соодветно на тоа, овде не е најдена повреда на член 6, став 1.
Преземено од официјалниот вебсајт на Европскиот суд за човекови права