Дезинформации, онлајн напади и сајбер закани во дигиталниот простор на Балканот

Кон крајот на 2023 година, Балканот се најде во мрежа на дигитално погрешно водена комуникација, карактеризирана со наплив на дезинформации, родовo условени напади и сајбер закани. Неколку земји доживеаа наплив на онлајн измами, што резултираше со правни проблеми од областа на сајбер криминалот и заштитата на граѓаните.

Унгарија се соочи со сајбер закана што вклучуваше измамнички мејлови што личат на сметки за гас, за што беше потребно правно испитување на јурисдикциските аспекти на таквата сајбер измама. Во Босна се појавија повеќе случаи на измама и злоупотреба на платежни картички, што поттикна правно разгледување на теми како што се заштитата на потрошувачите и финансиските регулативи. Романија се бореше со фишинг измамничка шема во рамките на која криминалците ја искористија довербата на граѓаните во поштенските услуги, како резултат на која беа побарани правни мерки за борба против онлајн измамите и заштита на граѓаните од слични активности. Дезинформации се ширеа и во Северна Македонија, Унгарија, Романија и Турција. Измамнички политички наративи, манипулирани графикони и оркестрирана пропаганда се појавија во дигиталниот простор, повлекувајќи правни прашања во врска со интегритетот на ширењето на информациите. Случаите како што се твитови со искривена содржина и фабрикувани наративи предизвикуваат загриженост за правните последици и регулаторните рамки потребни за да се одговори на намерното искривување на реалноста во технолошки напредните нации.

Онлајн нападите насочени кон жените претставуваа вознемирувачки тренд што се појави во заедничкиот сајбер простор, бидејќи жените во Црна Гора, Србија, Албанија и Унгарија се соочија со алармантно зголемување на онлајн напади. Од навреди и закани до експлицитни содржини, овие напади ги надминаа политичките граници и покренаа релевантни правни прашања.

Изборната динамика во Србија на 17 декември се одвиваше во позадина на зголемени тензии во дигиталната комуникација, што доведе до правни преиспитувања на интегритетот на демократските процеси. Победата на Српската напредна партија и наводите за оркестрирани пропагандни мрежи против екстремно десничарските партии ги потенцираат правните предизвици за обезбедување фер и транспарентни избори во дигиталната ера. Преместувањето на изборните кампањи на платформите на социјалните медиуми покренува правни прашања за регулирање на политичкото рекламирање за време на клучните предизборни часови, барајќи сеопфатна правна рамка за справување со новите предизвици.

Правните рамки, меѓународната соработка и функционлните механизми за спроведување на законот стануваат императив за заштита на демократските процеси, заштита на поединците од онлајн закани и решавање на повеќеслојните правни импликации својствени на дигиталната комуникација. Додека нациите се движат низ комплексноста на дигиталната ера, постоењето на сеопфатен правен пристап е од суштинско значење за да се одржи владеењето на правото и да се обезбеди заштита на правата во дигиталниот простор кој постојано се развива.