25 Дек Истражување на ОБСЕ за насилството врз жените на Косово
Целта на истражувањето е да се обезбедат цврсти докази за донесување на одлуки кое би се засновало на информираност на жените и нивно застапување на различни нивоа за да се намали насилството врз жените и да се подобрат услугите за поддршка на жените кои искусиле насилство.
Врз основа на деталните наоди од истражувањето, ОБСЕ усвои бројни клучни наоди кои сугерираат да се одговори на насилството врз жените:
- Речиси две третини од испитаните жени (64%) сметаат дека насилството од партнерите, познаниците или странците е многу или прилично честа појава, а повеќе од една четвртина (27%) сметаат дека насилството е многу честа појава.
- Повеќе од половина (54%) од сите жени велат дека доживеале психичко, физичко или сексуално насилство од страна на интимен партнер после својата 15-годишна возраст, а скоро три од десет жени (29%) велат дека доживеале сексуално вознемирување. Една од седум жени (14%) наведува дека доживеала физичко или сексуално насилство од страна на партнер или лице кое не и’ е партнер (овде не спаѓа психолошкото насилство).
- Скоро секоја петта жена (18%) која имала поранешен партнер вели дека доживеала физичко и/или сексуално насилство од поранешниот партнер, во споредба со 9% на оние кои во моментот имаат партнер и тврдат дека доживеале физичко и/или сексуално насилство од сегашниот партнер.
Осум проценти од испитаниците изјавиле дека доживеале физичко и/или сексуално насилство од лице кое не им е партнер. Една од дванаесет жени (8%) била прогонувана.
Целосниот извештај од истражувањето може да го прочитате овде: https://www.osce.org/en/mission-in-kosovo/439793?download=true
Преземено од веб-сајтот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)