09 Дек Модел-курсот „ХЕЛП“ насловен „Судско образложение и човекови права“ започна на српски јазик
Приправниците на Правосудната академија на Република Србија го започнаа курсот „ХЕЛП“ на Советот на Европа насловен „Судско образложение и човекови права“.
Во претстојниот период, учесниците на курсот ќе имаат можност во целост да го разберат обемот на правото на правично судење и целосно да ја искористат својата улога во зачувувањето на човековите права и ефикасното спроведување на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) на домашно ниво, како и да го унапредат своето знаење за судското образложение и стандардите за квалитет на правдата, кои се однесуваат и на кривичните и на некривичните постапки (вклучувајќи граѓански и управни постапки), судската пракса и добрите практики. Курсот ќе го води искусна туторка за курсот „ХЕЛП“, Мајда Крсикапа, од Уставниот суд на Србија.
Почнувајќи од оваа година, курсот е наведен како задолжителен во Годишната програма за почетна обука на Правосудната академија. Младите правни професионалци од Србија се меѓу првите групи што ја посетуваат ажурираната верзија на курсот „ХЕЛП“, кој започна во февруари 2022 година. Развојот и последователното национално прилагодување и спроведување на курсот претставуваат продолжување на напорите во рамките на активностите за зајакнување на капацитетот на правниците за ефективно спроведување на Конвенцијата и стандардите кои произлегуваат од судската пракса на ЕСЧП на домашно ниво.
Курсот се спроведува во соработка со Правосудната академија во рамки на акциите „ХЕЛП на Западен Балкан“ и „Зајакнување на ефективните правни лекови за прекршување на човековите права во Србија“, спроведени во рамките на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален механизам за Западен Балкан и Турција 2019-2020 година“.
Сите курсеви „ХЕЛП“ може да ги најдете на страницата: https://help.elearning.ext.coe.int/
Преземено од официјалната веб-страница на Советот на Европа