Новиот закон за основно образование на Северна Македонија значително ги унапредува правата на ЛГБТ лицата

Новиот закон за основно образование на Северна Македонија е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата. Тој експлицитно забранува дискриминација во основното образование по сите основи, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Во законот се вели дека е забранета дискриминација во образовниот процес, запишувањето, достапноста на услуги и погодности, приспособувањето и пристапот до и во рамките на зградите, вработувањето, напредувањето во кариерата и престанокот на работниот однос, организацијата на учениците, содржината на наставните програми и учебници, управувањето и учеството во училишните тела , финансирањето  на основното образование и која било друга област на основно образование.

Покрај тоа, законот содржи одредба која предвидува училиштата да се стремат кон унапредување на сексуалното и репродуктивното здравје на учениците преку обезбедување на информации засновани на научни истражувања, човекови права, родова еднаквост и промовирање на почитувањето на различностите. Законот експлицитно ги обврзува училиштата да издадат нови дипломи и други јавни документи во случаи на изменети лични информации засновани врз одлука на надлежни органи. Оваа одредба е значајна за трансродовите лица кои се соочуваат со потешкотии при поднесувањето на барање за издавање на нови документи кои се однесуваат на образовниот процес по промената на нивните лични податоци, а во согласност со нивниот родов идентитет.

Покрај тоа, законот предвидува парична казна од 401 до 500 евра за прекршок сторен од директор на основно училиште во случаи на дискриминација во училиштето и непријавувањето на насилство, злоупотреба и вознемирување до надлежен орган.

Преземено од веб-страницата на Здружението за еднакви права на ЛГБТИ за Западен Балкан и Турција https://www.lgbti-era.org/news/new-law-primary-education-north-macedonia-provides-protection-lgbt-persons