Прва Парада на гордоста во БиХ

Босанските активисти за човекови права во понеделникот објавија дека првата Парада на гордоста во Босна ќе се одржи во септември во главниот град Сараево и ќе ги собере членовите на ЛГБТ заедницата од целата земја.

“Босна конечно ја доби својата Парада на гордоста, која ќе се одржи на 8-ми септември”, изјавија на прес-конференцијата во Сараево група активисти кои стојат зад идејата за Парада на гордоста.

Бранко Чулибрк, еден од организаторите на првиот Парада на гордоста во Босна и Херцеговина, рече дека  истата ќе се одржи под мотото “Има за излегување” – што е исто така фраза што некогаш била користена во босанските автобуси од страна на патниците како знак дека возачот треба да запре за да можат да излезат од автобусот.

“Парадата ќе се одржи во центарот на градот, каде што се одржуваат сите други протести. На 1 април поднесовме барање до Министерството за внатрешни работи и до Министерството за транспорт во кантонот Сараево, така што ни претстои долг пат на планирање и дефинирање на сите понатамошни активности “, рече Чулибрк.

Босна и Херцеговина заостанува зад регионот кога станува збор за толеранција на правата на хомосексуалците. Хомосексуалноста беше кривично дело до 1998 година и досега не е организирана парада поради загриженоста за безбедноста на учесниците.

Минатите обиди за организирање на јавни настани за прават на ЛГБТ зедницата завршија хаотично – и насилно.

Кога ЛБГТ заедницата во Сараево се обиде да го организира првиот јавен, четиридневен културолошки фестивал во септември 2008 година, хулиганите му ставија крај на истиот уште првиот ден.

Преземено од Балкан Инсајт (Balkan Insight)