Примери за влијанието на Европската конвенција за човекови права

Триесет нови студии на случај се додадени на интерактивниот веб сајт на Советот на Европа, покажувајќи како Европската конвенција за човекови права ги има променето животот на луѓето на целиот континент. На веб сајтот сега се наоѓаат 131 пример за тоа како пресудите од Европскиот суд за човекови права и нивното спроведување од страна на земјите-членки довеле до позитивни промени во еден цел широк спектар на области.

Меѓу новите предмети на сајтот се и следните:

– Чаудири (Chowdury)  и други против Грција: значаен предмет кој се однесува на трговија со луѓе во кој масовното пукање на група берачи на јагоди довело до одлука за плаќање на надомест и низа правни мерки, вклучувајќи и петгодишен акциски план за спречување на принудна работа, заштита на жртвите и казнување на сторителите;

– Талпис (Talpis) против Италија: Елисавета Талпис со години трпела злоупотреба од страна на нејзиниот сопруг, кој го убил нивниот син кога се обидел да ја заштити; по добивањето на предметот во Стразбур, властите ú исплатиле на г-ѓа Талпис надомест и вовеле широк спектар мерки против семејното насилство;

– Тагајева (Tagayeva) и други против Русија: роднините на лицатa погодени од опсадата на училиштето во Беслан добија скоро 3 милиони евра надомест од страна на судот во Стразбур и беа воведени нови мерки за подобрување на одговорот на руските власти на терористички напади;

– Џабари (Jabari) против Турција: Хода Џабари пребегала во Турција за да избегне каменување до смрт заради сомнение за прељуба; судот во Стразбур го запре нејзиното депортирање назад во Иран, по што таа замина за Канада каде води нов живот, и

– Даџн (Dudgeon) против Обединетото Кралство: Џефри Даџн бил прогонуван поради неговата сексуалност во Северна Ирска, каде хомосексуалноста сé уште била кривично дело во раните 1980-ти; неговата победа на судот во Стразбур доведе до декриминализација на хомосексуалноста во Северна Ирска и во многу други земји.

На своите почетоци веб сајтот – сега достапен на англиски, француски, руски и турски – беше финансиран од доброволни прилози од Финска, Германија, Ирска и Норвешка.

Овде можете да го најдете веб сајтот со сите примери подредени по теми https://www.coe.int/en/web/impact-convention-human-rights/#/

Преземено од официјалниот веб сајт на Советот на Европа