23 Авг Српски епископ ја проколнал ЛГБТ популацијата
Српски православен епископ беше критикуван затоа што изјавил дека претстојниот настан „Јуроп Прајд“ во Белград ќе го „осквернави“ Белград и дека сакал да може да земе оружје за да го спречи.
Програмската директорка на Младинската иницијатива за човекови права МИЧП, Софија Тодоровиќ, рече дека говорот на банатскиот епископ Никанор во кој ги колне организаторите и учесниците на Евро Прајд и зборува за употреба на оружје против нив претставува „директна закана“ за цела една група луѓе. „Уште еднаш сме сведоци на тоа дека епископите и поглаварите на црквата се занимаваат со работи кои не се во рамките на нивните овластувања, и тоа на начин на кој, всушност, директно упатуваат закани кон одредена група, во која, меѓу другите, веројатно има поголем број верници“, изјави Тодоровиќ за БИРН.
Директорот на „Сивил Рајт Дифендерс Јуроп“, Горан Милетиќ, изјави за весникот Курир дека изјавата „претставува отворен говор на омраза кон ЛГБТ заедницата, но и кон Хрватите и [геј] Премиерот на Србија“.
На видеото објавено на „Јутјуб“ во четвртокот, се гледа како епископот Никанор стои пред црква и им се обраќа на неколку верници. Тој рече дека учесниците на „Јуро Прајд“ „ќе дојдат во Белград, ќе се шепурат и ќе го сквернават градот Белград, светиот српски град“ и дека „ние го креваме гласот против таквите [луѓе]“. „Ќе ги проколнам сите што организираат и учествуваат во такво нешто“, додаде Никанор. „Толку можам да направам. Да имав оружје, ќе го искористев, ќе ја употребев и таа сила само да го имав, но немам“, додаде тој.
Епископот Никанор ја навреди и самата српска премиерка Ана Брнабиќ, која е отворено геј и чии членови на семејството се родени во Хрватска.
„Јуро Прајд“ е паневропски меѓународен ЛГБТ настан, кој секоја година се организира во различен европски град. Овој пат ќе се одржи во Белград, од 12 до 18 септември.
Преземено од официјалниот веб-сајт на БИРН