Кампања „СТОП! За говорот на омраза“ во БиХ

Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина (БиХ), Советот за печат и онлајн медиуми во БиХ ја објави анализата на кампањата „СТОП! За говорот на омраза“.

Кампањата, која траеше од  1 септември до 16 октомври, имаше за цел да ги следи коментарите на корисниците на 12 веб-портали во БиХ. Ова истражување сугерира дека, иако е сè уште присутен на интернет, говорот на омраза е намален. Резултатите покажуваат дека, пред и по изборите, во коментарите на онлајн порталите доминирале навреди, вулгарности и препукувања, додека е регистриран релативно мал број на радикални повици на убиство и екстремни форми на говор на омраза. Овие резултати може да сугерираат, меѓу другото, дека редакциите на медиумите вложиле дополнителни напори да го намалат бројот на негативни коментари. 

Советот за печат и онлајн медиуми во БиХ соработува со уредници кои настојуваат да го исчистат нивниот медиумски простор од штетен говор и дискриминаторска реторика. Според извршниот директор на Советот за печат во БиХ:

„Говорот на омраза, дискриминаторскиот и говорот што поттикнува насилство не претставува слобода на говорот, туку злоупотреба и е казнив според законот. Во јануари 2022 година, Советот за печат и онлајн медиуми го усвои Кодексот за печатени и онлајн медиуми во Босна и Херцеговина, кој ја пропишува должноста на уредникот да ги отстрани коментарите што претставуваат говор на омраза. Во екстремни случаи, уредниците се обврзани да соработуваат со полицијата и обвинителството за да се открие идентитетот на лицата кои ја злоупотребуваат слободата на говорот“.

Анализата на кампањата „СТОП! За говорот на омраза“ може да ја најдете овде.

Преземено од официјалната веб-страница на ОБСЕ