Нема повреда на членот 8 во предметот на протерување на жалителот во Турција од страна на германските власти

Европскиот суд за човекови права сметаше дека нема повреда на членот 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од Европската конвенција за човекови права во предметот Кабукак (Cabucak) против Германија (жалба бр. 18706/16, 20.12.2018). Предметот се однесуваше на протерувањето на жалителот во Турција од страна на германските власти по неколку осудителни пресуди за извршени кривични дела. Судот конкретно утврди дека г-дин Кабукак во доволна мера докажал дека тој бил во редовни односи со неговата ќерка, што претставува семеен живот во смисла на членот 8 § 1. Меѓутоа, тој не успеал да докаже дека неговото протерување негативно влијаело на интересите на неговата ќерка или зошто истото значително би го зголемило ризикот од понатамошни трауми за него.

Понатаму, имајќи ја предвид природата и тежината на кривичните дела поврзани со дрога кој ги извршил г-дин Кабукак (Cabucak)  и неговата недоволна, неодржлива интеграција во Германија, Судот утврди дека мешањето во неговите права било поткрепено со релевантни и доволни причини, како и дека истото било пропорционално.

Судот повтори дека, со оглед на катастрофалните ефекти на дрогата врз животот на луѓето, не е Судот да ги критикува властите за нивниот цврст одговор кон оние кои активно придонесуваат за ширење на оваа зло.

Судот, исто така, го зеде предвид суверенитетот на земјите-членки за контрола и регулирање на престојот на странците на нивна територија. Судот заклучи дека домашните судови внимателно ги избалансирале спротивставените интереси и дека мешањето во правото на жалителот на приватен и семеен живот било оправдано според член 8 § 2.

Преземено од официјалниот веб сајт на Европскиот суд за човекови права