Новости во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во однос на слободата на изразување

Со цел да се унапреди соработката со правниците од Западниот Балкан и да се даде придонес кон понатамошното надоградување на знаењето од областа на слободата на изразување и слободата на медиумите, рамката на заедничката програма на Европската унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022 “и нејзиниот регионален проект на тема „ Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX)“ го подготвија второто издание на периодичниот Билтен за новостите во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во однос на слободата на изразување. Билтенот има за цел да функционира како дополнителна алатка за споделување информации за новите развојни текови и случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП, Суд).

Во билтенот се претставени некои од релевантните пресуди донесени од август 2020 година до јануари 2021 година во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите. Во анализираниот временски период, Европскиот суд за човекови права донесе значајни пресуди во различни области кои потпаѓаат под членот 10 на Европската конвенција за човекови права. Најрелевантниот тек на судска пракса се однесува на испреплетените барања за заштита на слободата на изразување и слободата и безбедноста на новинарите и парламентарните претставници, особено во врска со легитимната борба против тероризмот и политичкото насилство. Другите случаи се однесуваа на превентивни мерки за ограничување на слободата на политички говор, ограничувања на пристапот до информации за прашања од јавен интерес, заштита на новинарски извори, одговорности на новинарите и претставниците во правосудството при остварување на нивната слобода на изразување, како и на обемот на пристап кон дадени медиуми при пренесувањето на политички мислења.

Билтенот можете да го најдете на следниот линк:

https://rm.coe.int/-e-bulletin-02-latest-developments-in-the-case-law-of-ecthr-on-freedom/1680a2a3a8

Преземено од официјалниот веб-сајт на Советот на Европа