13 Јан Преглед на ОБСЕ за заедниците на Ромите, Ашкалите и Египќаните на Косово
Мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) на Косово претстваи денес во Приштина сеопфатен преглед на состојбата на заедницата на Ромите, Ашкалите и Египќаните на Косово.
Овој преглед ги опфаќа сите 24 косовски општини каде што живеат овие членови на заедниците. Се дава кратка демографска слика и список на населени места каде што живеат членовите на трите заедници за секоја општина. Исто така, дадени се статистички информации за постојната инфраструктура, вработеност, образование, здравствена заштита, застапеност во донесувањето одлуки, како и враќање и репатријација.
Мнозинството членови на трите заедници често живеат на маргините на општеството, борејќи се со високи стапки на невработеност и ниско ниво на образование. Тие често живеат во населени места, кои се во некои случаи неформални, со лоша инфраструктура, а нивните куќи се во ужасни услови. Покрај тоа, припадниците на косовските Роми, косовските Ашкали и косовските Египќани, а особено жените, се соочуваат со бариери што водат кон нивно исклучување од учество во сите области на живеење.
Во исто време, многу припадници на трите заедници примаат социјална помош од Приштина или Белград. Во март 2019 година, 2.000 косовски Роми (813 мажи, 1.187 жени), 3.581 косовски Ашкал (1.372 мажи, 2.209 жени) и 947 косовски Египќани (399 мажи, 548 жени) примаа социјална помош од Приштина; нема слични достапни веродостојни податоци за примателите на социјална помош обезбедена од Белград. Дури и кога се припадниците на овие три заедници вработени, тоа е често сезонска физичка работа. Некои работат во јавниот сектор, главно како наставници или државни службеници. Од друга страна, состојбата во образованието континуирано се подобрува. Следењето на ОБСЕ покажува дека напуштањето на училиштето повеќе не е системски проблем.
Извештајот на ОБСЕ е достапен на веб-страницата на https://www.osce.org/mission-in-kosovo/443587