06 Мај Препораки на Генералниот секретар на Советот на Европа за време на пандемијата
Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, издаде прирачник за почитување на човековите права, демократијата и владеењето на правото за време на кризата предизвикана од КОВИД-19 за сите земји-членки на Советот на Европа.
“Вирусот уништува многу животи и многу други нешта кои ни се драги. Не треба да дозволиме да ги уништи нашите основни вредности и слободните општества“, рече Генералниот секретар.
Таа додаде дека најголем социјален, политички и правен предизвик со кои се соочат земјите- членки ќе биде нивната способност ефективно да одговорат на оваа криза истовремено осигурувајќи дека мерките што ги преземаат нема да го поткопаат вистинскиот долгорочен интерес за зачувување на основните вредности на човековите права во Европа, демократијата и владеење на правото.
Прирачникот е осмислен за да помогне мерките што ги преземаат земјите-членки за време на тековната криза да бидат пропорционални на заканата од ширењето на вирусот и да бидат временски ограничени.
Документот опфаќа четири клучни области:
- дерогација од Европската конвенција за човекови права во итни случаи;
- почитување на владеењето на правото и демократските принципи во итни случаи, вклучувајќи и ограничувања на обемот и времетраењето на мерките за итни случаи;
- основни стандарди за човекови права, вклучувајќи и слобода на изразување, приватност и заштита на податоци, заштита на ранливите групи од дискриминација и право на образование, и
- заштита од криминал и заштита на жртвите на криминалот, особено во врска со родово-заснованото насилство.
Документот може да се пронајде овде: https://rm.coe.int/sg-inf-2020-11-respising-democracy-rule-of-law-and-human-rights-in-th/16809e1f40
Преземено од официјалниот веб-сајт на Советот на Европа