09 Мај Српската влада не им пружа задоволителна заштита од насилство во институциите на жените со попреченост
Во својот извештај, Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жените (CEDAW) изрази критики за српските закони со кои на жените со попреченост им се одзема деловната способност, како и правото сами да донесуваат одлуки, и им се ограничува пристапот до правдата.
Human Rights Watch во 2015-та год. утврди дека лишувањето на жените со попреченост од деловната способност и нивното сместување во затворени институции во Србија претстваува повреда на правото да не се биде подложен на медицински третман без согласност и правото да не се биде подложен на насилство. Вработените во ваквите институции и лекарите ги опишале инвазивните интервенции во репродуктивното здравје на жените без нивна согласност, а често и без нивно знаење, вклучувајќи и вградување на интраутерини уреди (за контрола на раѓањето), примена на Папа тест (постапката на скрининг за рак на грлото на матката), како и прекин на бременоста. Меѓународниот институт за правата на лица со попреченост – Србија утврдил слични прекршувања во 2016 година.
Во интервјуата на Human Rights Watch со три локални невладини организации во 2018-та и 2019-та година, откриено е дека овие пракси и понатаму продолжуваат во институциите во Србија. Во февруари 2019-та година, во заедничкиот поднесок со меѓународните организации Women Enabled International i Disability Rights International (DRI), Human Rights Watch ја изрази ваквата загриженост пред Комитетот CEDAW.
Во својот заклучок, Комитетот на CEDAW и’ препорача на Србија да ги укине законите ,,со кои се ограничува деловната способност на жените врз основа на попреченост или било кој друг облик на дискриминација” и да обезбеди непречен пристап до заштита на сексуалното и репродуктивното здравје за сите жени, вклучувајќи ги и жените кои се наоѓаат во институциите, да ја подигне свеста меѓу жените за придобивките од раните превентивни мерки и притоа да им гарантираат претходна слободна и информирана согласност на жените кои се засегнати.
Се’ додека не постои одговорност за присилните интервенции во областа на репродуктивното здравје, овие злоупотреби ќе продолжат. Влада на Србија треба да ги спроведе препораките на Комитетот и да го поддржи правото на сите лица со попреченост да донесуваат одлуки.
Овде можете да го најдете извештајот на CEDAW:https://tbinternet.ohchr.org/_layouts/treatybodyexternal/Download.aspx?symbolno=CEDAW/C/SRB/CO/4&Lang=En
Преземено од Human Rights Watch