07 Јул Конференцијата „Унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија“ и првата Парада на гордост во Северна Македонија
SOGI (сексуална ориентација и родов идентитет) во партнерство со властите на Северна Македонија организираше национална конференција за законодавството во областа на еднаквоста на ЛГБТИ заедницата.
Конференцијата, насловена како „Унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија“, се одржа во Скопје на 27 и 28 јуни, а потоа следуваше првата Парада на гордоста во Скопје, одржана на 29 јуни. Ова е важна пресвртница за правата на ЛГБТИ заедницата во Северна Македонија ако се земе предвид дека Северна Македонија е една од последните балкански земји во која се одржа ваков настан во конзервативниот регион.
Времето на конференцијата и Парадата на гордоста се особено значајни со оглед на тоа што неодамна македонскиот Парламент донесе закон со кој се забранува дискриминацијата по основ на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како заштитени карактеристики.
Главни цели на конференцијата беа:
- да се извлечат конкретни заклучоци и изнајдат практични решенија за подобрување на правата на ЛГБТИ лицата низ целата земја, фокусирајќи се на областите како што се образование, социјална заштита, здравство, вработување, пристап до правда, домување и спорт;
- да се разменат искуства и добри практики што можат да помогнат во подобрувањето на положбата на ЛГБТИ заедницата во регионот;
- да се промовира Декларацијата со цел да се воспостави регионална платформа за унапредување на состојбата на ЛГБТИ лицата.
Преземено од официјалниот вебсајт на Советот на Европа