19 Авг Извештај на Комитетот за спречување на мачење за Северна Македонија 2021 година
Во најновиот извештај за Северна Македонија објавен од Комитетот за спречување на мачење и нечовечко или понижувачко постапување или казнување на Советот на Европа беше заклучено дека, и покрај малите подобрувања, вклучувајќи го реновирањето на едното крило на делот за притвор во затворот Скопје и затворањето на три проблематични крила на затворот Идризово, и понатаму постои најдолготрајна загриженост во однос на условите за живот во затворите.
Комитетот забележа претрпани, нехигиенски и тешки услови за притвор во таканаречената единица „амбуланта“, односно во затворените крила на затворот Идризово и необновените крила на затворот Скопје, врз основа на ад хок посета на земјата од 7- 9 декември 2020 година.
Во извештајот се критикува „анахронистичкиот“ пристап кон третманот на притворените затвореници во затворот Скопје (затворени во ќелиите 23 часа на ден, без никакви обврски и со оневозможен контакти со сопствените деца), никакви целно насочени, смислени активности за осудените затвореници во затворот Идризово и неквалитетна здравствена заштита што им се нуди на затворениците поради неподготвеноста на Министерството за здравство да примени „постратешки пристап“ при пружањето на овие услуги.
Понатаму, Комитетот повторно ги сослушна обвинувањата за физичко малтретирање на осомничените за кривични дела од страна на полициските службеници и инспектори, кои се состојат главно од шлаканици, удари, клоци и удари со пендреци или други предмети (вклучително и рачни уреди за предизвкување електрошокови и воки-токи уреди), наводно нанесени заради очигледно изнудување на признание. Комитетот ги повикува властите енергично да ги истражат сите начини за да се осигура дека пораката за нулта толеранција кон малтретирање на притворените лица ќе стигне до службениците за спроведување на законот на сите нивоа.
Според гледиштето на Комитетот, дијалогот со властите во Северна Македонија, кој се заснова на меѓусебна доверба и разбирање, бара „конкретно дејствување“ за спроведување на многу долгогодишни препораки, како што е наведено во извештајот.
Овде можете да го најдете целиот извештај: https://rm.coe.int/1680a359cb
Преземено од официјалниот вебсајт на Советот на Европа