Мислење на Комесарката за човекови права на Советот на Европа за случувањата во Босна и Херцеговина

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, во своето мислење од 18-ти ноември 2021 година предупреди дека во Босна и Херцеговина сериозно се интензивирало военото хушкање и дека некои политичари, вклучително и во соседните земји Србија и Хрватска, ја зголемуваат својата запалива реторика, додека меѓународната заедница се бори да најде одговор на ескалацијата на тензиите.

Комесарката истакна дека земјите-членки на Советот на Европа не треба да ги потценуваат опасностите кои произлегуваат од оваа ситуација. „Сега е време да се покаже единство со цел да се заштитат и промовираат човековите права, демократијата и владеењето на правото во Босна и Херцеговина. Сега е време да се работи на смирување на тензиите со подобро искористување на алатките за мултилатерален дијалог, соработка и координација обезбедени од страна на меѓународните организации“, додаде таа.

Таа предложи четири итни чекори кои треба да се преземат.

Прво, Уставот на Босна и Херцеговина и изборниот закон мора да бидат ,,прочистени“ од нивната дискриминаторска природа и да станат инклузивни. Пред 12 години, Европскиот суд за човекови права во пресудата на Сејдиќ и Финци утврди дека Уставот и изборниот систем на земјата кои што се засновани на етничка припадност се всушност дискриминаторски.

Второ, говорот на омраза, негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници мора да престанат. Наместо да поттикнуваат војна и да шират пропаганда која иницира поделби, политичарите во БиХ и во регионот треба да работат на подобрување на меѓуетничките односи и да обезбедат подеднаква заштита на правата на сите граѓани. Граѓанското општество и неговите храбри постапки за посочување на проблемите треба да се заштитат, а не да се потиснуваат.

Трето, подобрувањето на квалитетот на животот и премостувањето на нееднаквостите, кои се влошија за време на пандемијата КОВИД-19, се прашања на кои надлежните треба итно да се осврнат. Во тој поглед, треба да се вложат повеќе напори во институционалните и економските реформи, како и да се овозможи независна и делотворна работа на правосудните органи, а повеќе напори треба да се вложат и во борбата против корупцијата и нејзините штетни ефекти врз уживањето на човековите права.

И на крај, медиумите треба да одиграат позитивна улога преку етичко известување и избегнување да станат алатка на добро оркестрирана воена машинерија, како што штоа беше случај во минатото. Слободниот печат е столб на демократијата, кој има за цел за да се обезбеди отчетност, да се разоткријат кршењата на човековите права и да се спречи поттикнување омраза и насилство.

На следниот линк можете да го најдете целосното Мислење на Комесарката: https://www.coe.int/en/web/commissioner/-/op-ed-de-escalate-bosnia-and-herzegovina-before-it-is-too – доцна

Преземено од официјалниот веб-сајт на Советот на Европа