Судијата Роберт Спано беше избран во Европскиот суд за човекови права во 2013 година како судија од Исланд и во моментов е претседател на Судот. Пред да ја преземе судиската функција, тој ја извршувал функцијата парламентарен народен правобранител (омбудсман) на Исланд од 2009-2010 година и повторно во 2013 година. Тој бил и декан на Правниот факултет на Универзитетот во Исланд, од 2010 до 2013 година, а бил избран за професор по право во 2006 година. Тој бил претседател на Постојаниот комитет на експерти по кривично право во исландското Министерство за правда од 2003 до 2009 година и од 2011 до 2013 година. Тој, исто така, бил исландски делегат во Европскиот комитет за проблеми со криминалот и независен експерт во Комитетот Ланзароте на Советот на Европа. Судијата Спано дипломирал на Универзитетот во Исланд и на Универзитетот во Оксфорд.
Билјана Брајтвајт е Програмска директорка за владеење на правото на Западниот Балкан при AIRE Центарот. Таа има над дваесет години искуство во развивање, финансирање и спроведување на повеќе од педесет проекти за владеење на правото, кои опфаќаат проекти за зајакнување на националните праавосудни институции и други форми на техничка помош, обуки за човекови права, законодавни реформи и борба против корупцијата, често во партнерство со локалните организации на граѓанското општество. Таа по професија е правничка и има дипломи од универзитетот во Белград и институтот „Раул Валенберг“ при Универзитетот во Лунд. Билјана ја започнала нејзината кариера во Белградскиот центар за човекови права и работи со AIRE Центарот уште од 1998 година. Таа го има основано и била ко-уредничка на професионалниот правен билтен „ Човековите права во Европа“, кој досега има над 150 изданија. Таа, исто така, била ко-уредничка на низа водичи за слободата на изразување, меѓународната заштита на децата и европското право за азил, наменети за судиите, носителите на одлуки и практичарите во Југоисточна Европа. Членка е на одборите на AIRE Центарот во САД и на International Bridges to Justice („Меѓународни мостови до правдата“).
Горан Милетиќ е директор за Европа во Civil Rights Defenders, организација за човекови права со седиште во Стокхолм. Од 2004 година, тој помага во водењето на активностите на организацијата на Западниот Балкан, соработувајќи и надградувајќи ги капацитетите на организациите за човекови права ширум регионот. За тоа време, тој бил особено ангажиран во изготвување и лобирање за усвојување на инклузивно законодавство за борба против дискриминација на Западниот Балкан. Истовремено е и член на Европската комисија за законодавство за сексуалната ориентација (ECSOL) и на Советот на експерти за законодавство за невладините организации во рамките на Советот на Европа. Тој е член на Одборот на фондацијата „Хартефакт“ од нејзиното основање.
Д-р Павел Усватов е Програмски директор за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад-Аденауер. Пред да започне со работа за КАС, Павел Усватов работел како хонорарен консултант и предавач, како и вонреден професор (со завршени постдокторски студии) на Универзитетот „Хелмут Шмит“ во Хамбург. Претходно, тој работел како правен консултант и професор по административно право за ГИЗ на проектот за реформа на административното право во Јужен Кавказ во Баку. Пред тоа, неколку години работел како адвокат по трговско право во Хамбург.
Леди Бјанку е вонреден Професор на Универзитетот во Стразбур. Од 2008-2019 година тој бил судија на Европскиот суд за човекови права избран од Албанија. Тој претходно бил член на Венецијанската комисија за демократија преку правото од 2006-2007 година. Тој предавал меѓународно јавно право, право на ЕУ и право за човекови права на Правниот факултет во Тирана и на Правосудната школа на Албанија од 1993-2007 година. Бил ангажиран и како правен советник на различни национални и меѓународни тела. Г. Бјанку дипломирал на Универзитетот во Тирана и на Колеџот на Европа во Бриж.
Судијката Ксенија Турковиќ беше избрана за судија во Европскиот суд за човекови права од Хрватска. Студирала право на Универзитетот во Загреб во октомври 2012 година. Од 2008 до 2010 година била декан на Правниот факултет, а од 2008 до 2012 година проректор на Универзитетот. Таа, исто така, била избрана за потпретседател на Судот на правдата од страна на Генералното собрание на судии при ЕСЧП. Во 1989 година, таа магистрирала право на Адвокатската комора на Њујорк. Од 2005 година таа е редовна професорка по кривично право на Универзитетот во Загреб.
Судијата Тим Ајке е избран во Европскиот суд за човекови права како судија од Обединетото Кралство во 2016 година. Тој станал адвокат во Лондон во 1993 година, добил звање Queen’s Council (највисоко правничко звање) во 2011 година и станал член на адвокатската комора Линколн Ин во 2014 година. Тој порано работел како помлад застапник на Круната, како и во адвокатскиот панел на Комисијата за еднаквост и човекови права. Тим Ајке исто така бил долгогодишен уредник на европските извештаи за човековите права. Студирал право на Универзитетот во Пасау, Германија и на Универзитетот Данди во Обединетото Кралство, каде што се стекнал со диплома по англиско право со почести (LL.B. (Hons)).
Судијката Ивана Јелиќ беше избрана во Европскиот суд за човекови права како судијка од Црна Гора во јули 2018 година. Таа е членка на Комитетот за правни науки на Црногорската академија на науките и уметностите од 2015 година. Пред да се приклучи на Судот, таа била вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот во Црна Гора. Студирала право на Универзитетот во Црна Гора, Универзитетот во Белград, Правниот факултет Беркли и на Правниот факултет Колумбија во Њујорк, како стипендист на програмата Junior Faculty Development. Таа магистрирала (2004) и докторирала право (2007) на Правниот факултет при Универзитетот во Белград, Србија.
Судијата Фарис Вехабовиќ беше избран за судија во Европскиот суд за човекови права од Босна и Херцеговина во 2012 година. Од 1996 до 2000 година тој работел како правен советник во Канцеларијата на Народниот правобранител на Босна и Херцеговина за прашања поврзани со човековите права. Од 2001 до 2007 година работел како Регистар (секретар) на Уставниот суд на Босна и Херцеговина. Во 2005 година се стекнал со титулата магистер по европски студии како дел од интердисциплинарна програма на универзитетите во Сараево и Болоња. Од 2007 до 2012 година Вехаховиќ бил судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, а од 2008 година и потпретседател во тој суд. Студирал право на Универзитетот во Сараево од 1987 година, каде што дипломирал во 1993 година.
Судија Ерик Венерштром е роден во Шведска во 1962 година. Тој е доктор по меѓународно право, право на ЕУ и правна јуриспруденција. Тој бил Директор за меѓународни односи и прашања за ЕУ во Министерството за правда и раководител за извршување на меѓународни правни работи во Министерството за правда и внатрешни работи (2007-2011) и главен правен советник за меѓународно право во Министерството за надворешни работи (2007-2012 година). Од 2012 година тој бил Генерален директор на Националниот совет за превенција од криминал. Ерик Венерштром, исто така, бил член на управниот одбор на бројни меѓународни организации. Тој бил избран за судија на Европскиот суд за човекови права во април 2019 година.
Проф. д-р Пол Леменс е избран за судија во Европскиот суд за човекови права од Белгија. Тој е член на Адвокатската комора на Брисел, а подоцна и судија на Државниот совет (врховен административен суд) на Белгија. Тој е професор емеритус на Католичкиот универзитет во Лувен, каде што предава право за човекови права од 1986 година. Тој бил член на Советодавниот панел за човекови права на УНМИК во Косово од 2007 до 2012 година.
Судијата Бранко Лубарда бил избран за судија во однос на Србија во Европскиот суд за човекови права во јануари 2015 година. Од 2013-2015 година тој бил Претседател на одборот на Антикорупциската агенција во Србија. Претходно бил член на Државната комисија за спречување на судир на интереси на Србија помеѓу 2005 и 2009 година. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет при Универзитетот во Белград, каде што станал доцент во 1992 година.
Судијата Јован Илиевски беше избран во Европскиот суд за човекови права како судија од Република (Северна) Македонија во февруари 2017 година. Од 2004 до 2017 година, тој беше претставник на Јавното обвинителство во Советодавната група на обвинители во Југоисточна Европа (SEEPAG) од нејзиното основање, а од 1 јануари 2012 година, претседател на ова тело. Од 2006 до 2017 година, тој беше член на Консултативниот совет на европските обвинители (CCPE) во рамките на Советот на Европа. Во 2013 година се стекнува со докторска титула по казнено право на Универзитетот во Скопје. Претходно, тој поминал голем дел од неговата кариера во Јавното обвинителство во Скопје, а беше и на чело на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција од 2012 до 2017 година. Од 2013 до 2017 година, тој беше професор на Државниот универзитет во Штип. Во 2015 година, стана Претседател на Комисијата за воедначување на казнената политика.
Судијата Даријан Павли ја врши функцијата судија во Европскиот суд за човекови права избран од Албанија од јануари 2019 година. Пред да стане судија во Судот, Судијата Павли имал екстензивна пракса во областа на човековите права, која вклучувала и застапување пред водечките меѓународни и регионални механизми за човекови права. Неговата пракса, помеѓу другото, задржала главен фокус на слободата на изразување и здружување, како и на националните ограничувања на правата поврзани со безбедноста. Таа исто така придонела кон различните напори за воспоставување на стандарди во Европа, Северна и Јужна Америка и во другите региони. Во последните години, Судијата Павли го советувал Парламентот на Албанија за прашања кои се однесувале на главните правосудни реформи, како и за реформите за клеветата и за законот за слободата на информирање. Судијата Павли има и дипломи за постдипломски степени на студии од Централноевропскиот универзитет и од Правниот факултет во Њујорк.
Крешимир Камбер се стекнал со магистерска диплома од Правниот факултет при Универзитето во Риека, Хрватска, каде што тој исто така ги завршил последипломските студии по криминолошки науки и кривично право. Тој има добиено докторско звање на Факултетот за право и криминологија при Универзитетот во Гент, после завршувањето на истражувањето во областа на правото за човековите права и процедуралната кривична правда. Тој работи како правник во Директоратот на Правниот советник (Jurisconsult) при Регистарот на Европскиот суд за човекови права и има позиција на постдокторски истражувачки соработник на Факултетот за право и криминологија при Универзитетот во Гент. Претходно тој работел како правен соработник во Општинското државно јавно обвинителство во Загреб, Хрватска. Тој има објавено повеќе трудови и бил ко-автор на повеќе книги, а редовно држи предавања за различни прашања врзани за човековите права и кривичната правда. Тој исто така учествува во различни иницијативи на Советот на Европа, како и во иницијативи на владиниот и на невладиниот сектор по прашања коишто се однесуваат на човековите права и кривичната правда.
Г-дин Томас Маркерт неодамна се пензионираше како Директор и Секретар на Венецијанската комисија. Тој студирал на Универзитетот во Тубинген, Европскиот Колеџ во Бриж и Факултетот за право и дипломатија Флечер во Медфорд, Масачусетс, САД. Докторирал право на Универзитетот во Тубинген во 1989 година. Се приклучил на Советот на Европа во 1989 година и работел за Венецијанската комисија од 1992 година. Тој бил назначен за раководител на Секретаријатот на Венецијанската комисија во 2010 година. Томас Маркерт учествувал во изготвувањето на Уставот на Албанија, разни уставни текстови за Косово, Уставната повелба на Србија и Црна Гора, Охридскиот рамковен договор во Македонија како и предлози за измена на Дејтонскиот договор во Босна и Херцеговина.
Мирјана Лазарова-Трајковска беше избрана за судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија во март 2020 година. Од февруари 2008– февруари 2017 година таа беше судија на Европскиот суд за човекови права. Од ноември 2015 – февруари 2017 година таа беше претседателка на првиот оддел на Европскиот суд за човекови права. Од 2003 до 2008 година таа била судија на Уставниот суд на Република Македонија. Од 2001- 2003 година таа била раководителка на одделението за човекови права во Министерството за надворешни работи. Од 2002 до 2003 година таа била претседателка на Државната изборна комисија на Република Македонија. Во мај 2018 година таа беше визитинг професор за човекови права на Универзитетот на Кина „Ренмин“ во Пекинг. Во 2017 година, таа беше визитинг соработник на Правниот факултет на Универзитетот во Бирмингем во Обединетото Кралство и на Правниот факултет на Католичкиот универзитет во Лил, Франција. Таа била членка на Европската комисија за демократија преку правото (Венецијанската комисија). Била заменик-претседавачка на Советот за демократски избори, членка на Управувачкиот комитет за човекови права на Советот на Европа; членка на работната група на Комитетот на Советот на Европа на експерти за државјанство (CJ-NA-GT) кои работеле на Конвенцијата за избегнување на состојбата на бездржавјанство во врска со сукцесијата на државите.