Извештај под наслов ,,Две училишта под еден покрив”

Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина (БиХ) го претстави извештајот со наслов ,,Две училишта под еден покрив: најочигледниот пример на дискриминација во образованието во Босна и Херцеговина” на 3 декември 2018 година во Сараево. Овој извештај се однесува на практиката на ,,две училишта под еден покрив” како најочигледна манифестација на дискриминација во образовниот систем на земјата и вклучува препораки за унапредување на визијата за мирна, стабилна и мултиетничка Босна и Херцеговина.
Практиката на ,,две училишта под еден покрив” донесе деца од различни етнички групи, кои претходно учеле одделени, во една зграда поd ист покрив.
,,Овој извештај содржи неколку практични чекори кои може да се преземат за да се стави крај на дискриминацијата и сегрегацијата во образованието”, рече Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина, Брус Г. Бертон. ,,Чекорите вклучуваат политички дијалог, зголемена интеракција помеѓу децата, сеопфатна имплементација на заедничките наставни планови и програми која би се засновала на резултатите од учењето, почитување на судските одлуки, како и правно и административно обединување на училиштата, на што ние гледаме како на позитивен почеток кон ставање крај на ,,две училишта под еден покрив”.
Денес концептот на ,,две училишта под еден покрив” опстојува во 56 училишта во БиХ. Тука спаѓаат основни и средните училишта, како и подрачни и централни училишта. Тие се разликуваат по своите специфични карактеристики, големината и локацијата.
Извештаите се достапни на: https://www.osce.org/mission-to-bosnia-and-herzegovina/404990
Преземено од официјалниот веб сајт на Организацијата за безбедност и соработка во Европа