Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата на жените (CEDAW) е загрижен за родовите стереотипи и родовото насилство во Србија

Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените во Србија (UN Women) и тимот за човекови права на ОН во Србија, заедно со организациите на граѓанското општество, ги презентираа заклучоците и препораките на Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата на жените.

Согледувањата и препораките за Србија беа објавени на 8-ми март и се однесуваат на Четвртиот периодичен извештај за спроведувањето на Конвенцијата на ОН за елиминација на сите форми на дискриминација на жените, на која Србија доброволно се обврза како земја-членка на ОН.

Во своите заклучни согледувања, Комитетот го поздравува постигнатиот напредок, особено преземените правни реформи и ратификацијата на Истанбулската конвенција, а исто така дава и важни препораки за Србија за унапредување на родовата рамноправност и намалување на родовото насилство.

Меѓу другото, Комитетот ја повикува државата да ги преземе сите потребни мерки за борба против анти-родовиот дискурс и да ги интензивира напорите за подигање на свеста на жените за нивните права според Конвенцијата. Според Комитетот, државата треба да овозможи пристап до бесплатна правна помош за жртвите на сите форми на дискриминација врз основа на род и да ја зајакне меѓусекторската соработка со цел да го спречи и да се бори против родовото насилство.

Освен тоа, тој нагласува дека сите случаи на трговија со луѓе мора да бидат делотворно истражени, еднаквата застапеност на жените забрзана во сите области од јавниот и политичкиот живот,  како и да се овозможи заведување во евиденција веднаш по раѓањето и пристап до документи за лична идентификација за сите деца, и да се воведат родово сензитивни содржини во наставните програми и учебниците.

Освен тоа, тој нагласува дека сите случаи на трговија со луѓе мора да бидат делотворно истражени, еднаквата застапеност на жените забрзана во сите области од јавниот и политичкиот живот,  како и да се овозможи заведување во евиденција веднаш по раѓањето и пристап до документи за лична идентификација за сите деца, и да се воведат родово сензитивни содржини во наставните програми и учебниците.

“Во моментот во нашето општество се спроведуваат реформи, но  само формално, без суштинско спроведување на законите, политиките и без суштински ефекти врз положбата на жените и родовите односи. Механизмите за нивно спроведување не се ефективни бидејќи нема придружни прописи кои ги дефинираат овие механизми или истите се донесуваат многу по усвојувањето на законите”, вели Билјана Степанов, Директорка на Центарот за поддршка на жените и член на Женската платформа за развој на Србија.

Овде можете да најдете краток опис: Комитетот:https://tbinternet.ohchr.org/_layouts/treatybodyexternal/Download.aspx?symbolno=CEDAW%2fC%2fSR.1675&Lang=en

Преземено од тимот на Обединетите нации во Србија