Рамноправност во практиката – примена на законите за антидискриминација во Србија Тагови: дискриминација, Србија

Претставена е студијата “Рамноправност во пракса – примена на законите за антидискриминација во Србија”, како еден од резултатите на двогодишниот проект насловен Унапредување на законската рамка и политики за постигнување на рамноправност и следење на нивното спроведување во пракса.

Студијата се осврнува на прашањето на континуираната дискриминација во Србија, ја анализира постојната правна и политичка рамка и ја оценува нејзината ефективност во пракса. Во отсуство на слична студија, целта на оваа сеопфатна студија е да послужи како клучна референтна точка и база на докази за сите оние кои работат на борбата против дискриминацијата и промовирањето на основните човекови права и слободи. Од друга страна, студијата има за цел да влијае на владата и правосудниот систем во својство на влијателен документ и да послужи како ефективна алатка во лобирањето за подобрување на ефикасноста на антидискриминаторната рамка.

Наодите содржани во оваа студија наметнуваат сериозни прашања за ефикасноста на законодавството во пракса и укажуваат на тоа дека постојат области во кои законодавната рамка не ги отсликува најдобрите меѓународни пракси и покрај неспорниот напредок  на Србија во изминатата деценија во подобрувањето на условите и можностите за остварување на правото на рамноправност преку донесувањето на Закон за забрана на дискриминацијата и преку формирањето на независно тело за заштита на рамноправноста.

Во студијата се дадени препораки, кои, исто така, претставуваат приоритети на кои треба да се работи во иднина, со цел да се подобри ефикасноста на постоечката анти-дискриминаторна правна и политичка рамка во пракса.

Студијата беше изготвена од: Праксис, организација за еднакви права од Лондон и Санџачкиот комитет за заштита на човековите права и слободи, со поддршка на Европската унија.

Преземено од официјалниот вебсајт на Праксис.

Овде можете да ја прочитате целата студија тука:https://www.equalrightstrust.org/ertdocumentbank/Serbia%20report_EN.pdf