14 Јан Српските власти не му обезбедиле на затвореникот заштита од злоставување и нечовечки и понижувачки третман
Во случајот на Ѓини против Србија (претставка бр. 1128/16), Европскиот суд за човекови права едногласно одлучи дека постоела:
- повреда на членот 3 (забрана на мачење и нечовечко или понижувачко постапување) на Конвенцијата, поради тоа што властите не успеале да го заштитат жалителот од малтретирање од затворениците со кои ја делел ќелијата во затворот, и
- повреда на членот 3 од Конвенцијата поради недостаток на истрага за неговите жалби.
Подносителот на жалбата се жали дека, за време на неговиот притвор, бил подложен на напад и понижување од страна на неговите затворски цимери, како и дека бил силуван откако бил дрогиран. Неговите цимери подоцна дознале за неговото хрватско и албанско потекло и почнале да го третираат уште полошо.
Подносителот изјави дека бил натеран да се степа со друг затвореник, а потоа бил претепан од неговите цимери за тоа што удрил Србин. Тој, исто така, бил присилен да пее српски националистички песни. Му ги избричиле главата и веѓите, што во затворот е знак дека некој е силуван. Тој изјави дека затворските чувари знаеле што се случува, но не презеле ништо.
Судот особено утврдил дека наводите на жалителот дека бил жртва на насилство од неговите затворски цимери се веродостојни. Додека се одвивале настаните, на вработените во затворот требало да им биде јасно дека тој бил малтретиран, но не направиле ништо за да го заштитат.
Државата, исто така, не спровела истрага, ниту, пак, покренала кривично гонење врз основа на неговите жалби, и покрај тоа што властите морало да бидат свесни за истите, бидејќи имал добиено надомест во граѓанска постапка и се обраќал до разни тела (Претседателот, Народниот правобранител и Министерството за правда) во врска со тоа што му се случило, но никогаш не дошло до официјална истрага.
Преземено од официјалната веб страна на Европскиот суд за човекови права