Членот 8 не го гарантира право да се стане баба или дедо

Во предметот Петитори Ланцман против Франција (жалба бр. 23038/19), Европскиот суд за човекови права едногласно ја прогласи жалбата за недопуштена. Предметот се однесуваше на барањето на жалителката да се пренесе спермата на нејзиниот починат син во установа за медицински потпомогнато оплодување или гестациски сурогат. 

Синот на жалителката починал на 13 јануари 2017 година како резултат на злочуден тумор кој му бил дијагностициран во 2014 година. Штом бил известен за неговата болест, синот изразил желба да стане татко и да има потомство, вклучително и во случај на негова смрт. Како последица на тоа, тој  депонирал своја сперма во Центарот за истражување и чување на смерма и јајце клетки во болницата Кохин во Париз, контактирал еден друг центар во Швајцарија и разгледувал други опции за депонирање на сперма во странство, но не бил во можност да ги продолжи таквите свои напори заради болеста. Во пролетта 2017 година, Претседателот на Центарот за истражување и чување на смерма и јајце клетки одбил да го препрати до Агенцијата за биомедицина барањето на жалителката за пренесување на спермата на нејзиниот син во здравствена установа во Израел.

Потпирајќи се на член 8 (право на почитување на приватниот и семејниот живот), жалителката тврдела дека и’ било оневозможено да добие пристап до спермата на нејзиниот починат син со цел да организира, во согласност со неговите последни желби, медицинско потпомогнато оплодување во вид на донација до неплоден пар или гестациски сурогат, постапки што би биле овластени во Израел или САД.

Судот забележа дека преставката на жалителката всушност се состоела од два засебна дела. Во првиот дел таа тврдеше дека е посредна жртва, во својство на мајка на починатиот син, додека во вториот дел таа тврдеше дека е непосредна жртва затоа што била лишена од можноста да стане баба. Во врска со жалбата која се однесувала на статусот на посредна жртва, Судот забележа дека правата на кои се повикува засегнатата жалителка се сведуваат на правото на нејзиниот син да одлучи како и кога ќе стане родител. Сепак, Судот забележа дека ова право спаѓа во категоријата на права кои не можат да се пренесат. Соодветно на тоа, жалителката не може во својство на жртва да бара судот да утврди повреда на Конвенцијата во име на нејзиниот син. Во врска со жалбата што се однесувала на статусот на жалиталката како непосредна жртва, Судот сметаше дека членот 8 не го гарантира право да се стане баба и дедо, колку и да е вредна личната аспирација на жалителката да се продолжи семејното стебло односно генетската линија на семејството. Оттаму, Судот ги прогласи двата дела на жалбата за недопуштени.

Преземено од официјалниот веб-сајт на Европскиот суд за човекови права