Втор извештај на ГРЕКО за усогласеност во рамките на четвртиот круг на оценка на Црна Гора

Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) го објави на 06.02.2020 год. својот Втор извештај за усогласеност во рамките на  четвртиот круг на оценка на Црна Гора (за спречување на корупцијата во однос на пратениците, судиите и обвинителите во Црна Гора), усвоен од ГРЕКО на неговата 84-та пленарна седница (Стразбур, 2-6 декември 2019 година), со согласност на властите на Црна Гора. Во рамките на четвртиот круг на оценка беа разгледани следните прашања поврзани со спречувањето на корупцијата во однос на пратениците во Парламентот, судиите и обвинителите:

  • Етички принципи и правила на однесување
  • Судир на интереси
  • Забрана или ограничување на одредени активности
  • Обрасци за имотна состојба – анкетни листови, приходи, обврски и камати
  • Спроведување на правилата кои се однесуваат на судир на интереси
  • Свест.

Во Вториот извештај за усогласеност се оценуваат мерките преземени од властите на Црна Гора за спроведување на препораките дадени во Извештајот за четвртиот круг на оценка за Црна Гора.

Во Вториот извештај за усогласеност се оценуваат мерките преземени од надлежните органи во Црна Гора за спроведување на препораките дадени во Извештајот на ГРЕКО за четвртиот круг на оценка на Црна Гора за 2015 година, кои беа оценети како неисполнети или делумно спроведени во првичниот извештај за усогласеност од 2018 година.

Во својот Извештај за четвртиот круг на оценка, ГРЕКО даде 11 препораки за Црна Гора. Во Вториот извештај за усогласеност од 2020 година, ГРЕКО заклучи дека Црна Гора постапила на задоволителен начин спроведувајќи осум од вкупно единаесет препораки. Од преостанатите препораки, една беше делумно спроведена – i. усвојувањето на Етички кодекс, а две не беа спроведени, и тоа ii. независност на Судскиот совет и vii. дисциплинска одговорност на судиите.

Во својот заклучок, ГРЕКО истакна дека кога станува збор за народните пратеници, за пофалба е усвојувањето на новиот Етички кодекс, кој опфаќа обука за интегритет и етика на пратениците, на годишна и задолжителна основа, како и воведување на услов пратениците да потпишат изјава дека немаат никаков приватен интерес пред да земат учество во процесот на донесување одлуки. ГРЕКО ги охрабрува властите да овозможат ефективно спроведување на жалбена постапка и покренување на постапка против прекршувањето на овој кодекс од страна на пратениците.

Во однос на судиите и обвинителите, забележан е напредок кога станува збор за насочувањето и советувањето во врска со примената на Етичкиот кодекс и судирот на интереси. Сепак, загрижувачки е фактот што нема напредок кога станува збор за составот и независноста на Судскиот совет, како ни во поглед на ревизијата на дисциплинската рамка за судиите. Во овој контекст, ГРЕКО е особено загрижен заради одлуката донесена од Судскиот совет за повторно именување на петте претседатели на судови за најмалку трет мандат, што не е во согласност со препораките на ГРЕКО.

Со оглед на целокупното почитување на препораките, со усвојувањето на Вториот извештај за усогласеност се укинува постапката за усогласување во рамките на четвртиот круг на оценка за Црна Гора. Сепак, пожелно е црногорските власти да го известуваат ГРЕКО за натамошните случувања во врска со примената на препораките кои не се целосно или сеопфатно спроведени – препораките i,  v. и vii.

Прочитајте го Вториот извештај за усогласеност во рамките на четвртиот круг на оценка на Црна Гора на следниот линк:

https://rm.coe.int/cetvrta-runda-evaluacije-sprecavanje-korupcije-u-odnosu-na-poslanike-s/16809a5bf3

Преземено од официјалната веб-страница на ГРЕКО