Извештај за следење на заштитата и пружањето помош на мигрантите за октомври 2019 година

Праксис го објави Извештајот за следење на заштитата и пружањето помош на мигрантите за октомври 2019 год. Во октомври 2019 година, Праксис продолжи да обезбедува помош за бегалците/мигрантите, преку пружање информации, психосоцијална поддршка, упатување на целно насочена помош од разни организации/институции или покривање на трошоците за превоз до азили и центри за прием.

Вкупно 1995 новопристигнати бегалци/мигранти беа информирани за тековната состојба во Србија и регионот, правниот статус и достапните правни можности (барање азил во Србија, помош при доброволно враќање во нивната земја на потекло, можност за повторно обединување на семејството во странство или преселување во трета земја кога е тоа можно), сместувањето во центри за азил или транзитни центри за прием во Србија, расположливите превозни средства до одредени центри, како и за други права и достапни услуги (медицинска нега, психосоцијална поддршка, храна, облека и обувки, разни работилници за бегалци/мигранти и др.).

Извештајот на Праксис е достапен на следниот линк:https://www.praxis.org.rs/images/praxis_downloads/Praxis_Protection_Monitoring_Report_October_2019.pdf

Преземено од официјалниот веб-сајт на Праксис