Нов извештај од тркалезната маса во Приштина „Дигиталната димензија на насилството врз жените: препознавање и сузбивање на феноменот“

Проектот на Советот на Европа „Зајакнување на борбата против насилството врз жените и семејното насилство во Косово* – фаза III“ го објави овој извештај од тркалезна маса, кој ги сумира говорите, наодите и препораките изнесени на хибридната тркалезна маса организирана заедно со Амбасадата на Италија во Приштина.

Извештајот има за цел да ја прошири дискусијата за оваа алармантна појава, да ја подигне свеста и да иницира дијалог меѓу засегнатите страни за преземање акција за обезбедување на сеопфатен одговор на дигиталното насилство врз жените. 

Во текот на панел-дискусиите и отворените дискусии беа утврдени следните чекори за локалните власти: 

  • Унапредување на мултиагенциската и мултиинституционалната соработка во борбата против дигиталното насилство врз жените.
  • Вградување на дигиталната компонента на насилството врз жените во сите поврзани законодавства и механизми, како и воспоставување национален форум кој ќе се бави со насилството на интернет.
  • Обезбедување опсежно образование на локално ниво насочено кон младите генерации за безбедно користење на технологијата и интернетот.
  • Вклучување обучени психолози специјализирани на полето на насилство врз жените и семејно насилство за време на испрашувањето во судовите и обвинителствата. 
  • Изготвување протокол за случаи на онлајн насилство заради ефективно прибирање на онлајн доказите. 
  • Спроведување на кампања за подигање на свеста за дигитално насилство врз жените, насочена кон носителите на должности во образованието, здравството и социјалните служби.
  • Вклучување на онлајн насилството во бесплатната телефонска поддршка, што би ја забрзало реакцијата на појавата, наместо прво да се отиде во полиција и да се покрене долга постапка.
  • Вградување на онлајн насилството во постојната политика за „нулта толеранција за вознемирување“ во рамките на локалните власти. Секоја институција треба да има адреса на е-пошта, на која што поплаките може да се упатуваат анонимно или неанонимно.
  • Гонење влијателни верски личности кои поттикнуваат омраза или насилство врз жените преку онлајн платформи (главно преку канал на „Јутјуб“).

Проектот на Советот на Европа „Зајакнување на борбата против насилството врз жените и семејното насилство во Косово* – фаза III“ има за цел да дефинира конкретен патоказ за зајакнување на косовските правни и политички рамки, како и градење институционални капацитети за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство во согласност со стандардите на Истанбулската конвенција.

Целиот извештај може да го прочитате овде (LINK)

Преземено од официјалниот веб-сајт на Советот на Европа