05 Авг Омраза во регионот на Западниот Балкан
„Блокирајте ја омразата. Споделете ја љубовта!” е регионална кампања која има за цел соочување со феноменот на говор на омраза, со што се подига свеста кај пошироката јавност за непосредната опасност од говорот на омраза и неговите негативни ефекти врз општествата на Западниот Балкан. Во новообјавената серија на информативни материјали се идентификуваат најчестите облици на омраза во регионот на Западниот Балкан. Во секој таков материјал се изнесуваат статистички податоци за засегнатите групи и поединци; се истакнуваат постојаните предизвици и добрите практики, вклучувајќи и референци на релевантни и применливи европски стандарди; и се даваат совети за следните чекори кои треба да се направат во иднина.
Некои примери на прашања што се разгледуваат во информативните материјали го вклучуваат следното: „Дали знаете дека омразата кон и меѓу одредени групи млади е доста распространета на Западниот Балкан? Ова е малтретирање, а во денешно време обично се случува преку интернет и тешко е да се борите против него. Како децата кои се малтретирани, така и оние кои ги малтретираат другите може да имаат сериозни, трајни проблеми, како што откри една академска статија.
Секој од нас може да се потруди повеќе и да пренесе пораки на толеранција и почит што ќе обезбедат контра наративи на говорот на омраза, како и да се обиде да ги поттикне жртвите да ги пријавуваат инцидентите поврзани со омразата до надлежните органи.
Покрај омразата кон ЛГБТИ лицата и младите, информативните материјали ќе помогнат да се идентификуваат факти и бројки за следните често присутни облици на омраза насочени кон ранливите групи во регионот: против ромската заедница, верските групи, лицата со попреченост, мигрантите, жените и девојчињата.
Кампањата се спроведува во рамките на активноста „Промовирање на различноста и еднаквоста на Западниот Балкан“, која е дел од заедничката програма на Европската унија / Советот на Европа „Хоризонтален објект за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, а се спроведенува од страна на Одделението за антидискриминација при Советот на Европа.
Овде можете да ги најдете сите информативни материјали:
https://www.coe.int/en/web/pristina/-/hate-at-glance-in-the-western-balkans-region
Преземено од официјалниот веб -сајт на Советот на Европа