14 Јан Пресудата на жалителот за клевета по објавената статија за кандидатот за пратеник не претставува повреда на членот 10 од Конвенцијата
Во случајот Прунеа против Романија (претставка 47881/11, 08.01.2019), Европскиот суд за човекови права утврди дека нема повреда на член 10 (слобода на изразување) на Европската конвенција за човекови права.
Предметот се однесува на осуда за клевета против жалителот, Петру Прунеа, откако напишал статија за кандидат на парламентарни избори. Во ноември 2008 година, во пресрет на парламентарните избори, г-дин Прунеа напишал статија со кој се доведува во прашање чесноста на локалниот кандидат и го обвинил дека зел кредит за финансирање на неговата изборна кампања, кој подоцна одбил да го врати.
Во април 2009 година, кандидатот го дал г-дин Прунеа на суд, наведувајќи дека статијата го оштетила неговиот углед и дека поради истата изгубил на изборите. Тој, исто така, се жалел и на друг напис, напишан во јануари 2009 година, како и на летоци дистрибуирани пред изборите.
Во јули 2009., Основниот суд во Клуј-Напока ја прифатил тужбата на поранешниот кандидат и му наложил на г-дин Прунеа да плати 20.000 евра отштета и нешто помалку од 3.300 романски леи на име трошоци. Судот утврдил дека г-дин Пруна не докажал дека неговите наводи се вистинити. Дури и да биле вистинити, наводите содржеле елементи на клевета и не требало јавно да се објавуваат, особено бидејќи се однесуваат на прашања од приватна, комерцијална природа.
Повикувајќи се особено на член 10 (слобода на изразување) од Европската конвенција за човекови права, г-дин Прунеа се жалеше против судските налози за плаќање отштета.
Европскиот суд за човекови права се согласи со домашните судски власти дека оспорените изјави претставуваат напад врз угледот на кандидатот, достигнувајќи го потребното ниво на сериозност и предизвикувајќи повреда на неговото право на почитување на приватниот живот според член 8. Соодветно на тоа, ЕСЧП не утврди повреда на член 10 од Конвенцијата.
Преземено од официјалната веб страна на Европскиот суд за човекови права