Протоколот 16 од Европската конвенција стапи на сила на 1 август 2018 година

Протоколот 16 од Европската конвенција, усвоен во 2013 година, стапи на сила на 1 август оваа година. За да може да стапи на сила, неопходна е ратификација од страна на десет држави – потписнички на Европската конвенција. Франција е десетта земја која го ратификуваше протоколот, а тоа доведе до негово конечно стапување на сила.

Протоколот им овозможува на највисоките национални судови од Европскиот суд за човекови права да побараат советодавни мислења во врска со “принципиелни прашања кои се однесуваат на толкувањето или примената на правата и слободите утврдени во Конвенцијата или нејзините протоколи” во предметите кои се наоѓаат пред нив. Ова значи дека државите потписнички на Конвенцијата кои го ратификуваа протоколот, имаат можност да се спречат идни повреди на Конвенцијата. Се разбира, најголем придонес на Протоколот е зајакнување на соработката меѓу ЕКЧП и националните судови, како и ослободување од ЕКЧП од големиот број на случаи.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права Гвидо Раимонди изјави: “Со влегувањето во сила Протоколот бр. 16 ќе го зајакне дијалогот помеѓу Европската конвенција за човекови права и највисоките судови на национално ниво. Ова е пресвртница во историјата на Европската конвенција за човекови права и голем чекор напред во заштитата на човековите права во Европа, како и нов предизвик за нашиот суд”.

Во однос на Протоколот 15, тој сè уште нема стапено на сила бидејќи мора да биде ратификуван од сите држави – потписнички на Конвенцијата за човекови права. Четири земји сé уште не го имаат ратификувано протоколот: Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Шпанија. Протоколот 15 ја воведува во ЕСЧП примената на принципот на супсидијарност, начелото на слободна проценка, како и новата горна старосна граница за судиите, така што сега кандидатите за судии мораат да бидат помлади од 65 години. Исто така, протоколот воведува нов рок од 4 месеци наместо  претходниот рок од 6 месеци за поднесување на жалби до ЕКЧП.

Преземено од официјалниот веб сајт на Европскиот суд за човекови права

https://www.coe.int/en/web/human-rights-rule-of-law/-/entry-into-force-of-the-protocol-no-16-to-the-european-convention-of-human-rights