Сеопфатна оцена на условите за притвор во Албанија

СРТ ги повикува албанските власти да ги решат утврдените проблеми навремено и сеопфатно

Комитетот на Советот на Европа за спречување на тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување (СРТ) ја посети Албанија во 2023 година. Примарниот фокус на посетата беше да се оцени третманот и условите на лицата кои се држат во полициски притвор, затвори, форензички психијатриски институции и домови за социјална грижа.

И покрај тоа што наведува дека СРТ ги препознава позитивните трендови во однос на поединците приведени од полицијата во Албанија, објавениот извештај од посетата, исто така, ја нагласува потребата од понатамошни робустни активности за елиминирање на случаите на лошо постапување. Беше изразена загриженост за нестандардните предмети, како што се дрвени палки, коишто се чуваат во простории што се користат за разговори со осомничени, а кои претставуваат потенцијална опасност и поттикнуваат шпекулации за несоодветно однесување. СРТ препорачува и подобрувања на функционалноста на законските заштитни мерки, особено оние поврзани со прашања како што се тешкиот пристап до адвокатите назначени по службена должност, поплаките во однос на нивната ефикасност и ограничувањата во првичниот медицински преглед на притворениците.

Наспроти малото намалување на вкупната популација на затвореници од 2018 година, Албанија и натаму се соочува со една од највисоките стапки на затворање во Советот на Европа. CPT ја нагласува итната потреба од изнаоѓање решение за пренатрупаноста на затворите и подобрување на условите за живот. Беше изразена конкретна загриженост за структурните недостатоци на затворот Тепелена, како и повик затворот да се повлече од употреба. Посетата на форензичките психијатриски установи резултираше со загриженост за условите за живот, пренатрупаноста и недостатокот на медицински и терапевтски кадар. СРТ препорачува мерки за избегнување на пролонгирано сместување во де факто самица, зголемени права на посета и телефон, како и подобрувања во обезбедувањето здравствена заштита, вклучително и доверливост на медицинските податоци. При првата посета на СРТ на домовите за социјални грижи во Албанија, беа утврдени структурни недостатоци, вклучително и условите за живеење во пренатрупан простор и недоволниот надзор од страна на персоналот. Препораките вклучуваат намалување на бројот на лица во спалната соба, подобрување на условите за живеење и обезбедување на поструктурирана програма за професионални, рехабилитативни и рекреативни активности. 

Сè на сè, СРТ заклучува со тоа што ги повика албанските власти навремено и сеопфатно да ги решат утврдените проблеми, нагласувајќи ја важноста од почитување на човековите права, обезбедување на благосостојбата на притворениците и придржување до меѓународните стандарди во притворските установи и институциите за социјална грижа.