03 Окт Билтен за „Најновите случувања во праксата на Европскиот суд за човекови права во областа на слободата на изразување“ на Западниот Балкан
Билтенот за „Најновите случувања во праксата на Европскиот суд за човекови права за слобода на изразување“ беше објавен во рамките на заедничката програма на Европската унија и на Советот на Европа „Хоризонтална иницијатива II“. Билтенот претставува анализа на одбрани пресуди донесени од страна на Судот помеѓу август 2021 и јануари 2022 година и уникатна алатка за споделување информации за новите трендови и случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права (Судот). Тоа придонесува кон понатамошно зајакнување на капацитетот на домашните институции за обука на правни професионалци да им обезбедат ажурирани алатки за учење на своите обучувачи и посетители на обуката. Пошироко, им овозможува на правните професионалци од Западен Балкан и пошироко да ги подобрат своите знаења за важечките европски стандарди и правната филозофија на Судот што се развива во оваа област.
Одбраните пресуди се однесуваат на различни прашања, вклучувајќи ги овластувањата на државите да ја ограничуваат слободата на изразување во вонредни ситуации, слободата на изразување и нејзините ограничувања во дигиталната сфера, правото на пристап до информации, заштитата од говор на омраза и од политичко емитување.
Билтенот е достапен на неколкујазици на: https://www.coe.int/en/web/freedom-expression/-/latest-developments-in-the-case-law-of-the-european-court-of-human-rights-on-freedom-of-expression-in-bulletin-no-4
Преземено од официјалниот веб-сајт на Европскиот суд за човекови права