Дигитална архива на докази на Обвинителството на БиХ

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Босна и Херцеговина (БиХ), г-дин Брус Г. Бертон, Претседателот на Високиот судски и обвинителски совет (ВСОС) на БиХ, Милан Тегелтија, и Главната државна обвинителка Гордана Тадиќ, денес потпишаа Меморандум за разбирање, со цел да се обезбеди поддршка за изготвување на дигитална архива на докази со кои располага  Обвинителството на БиХ во предметите на воени злосторства.

Истакнувајќи ја важноста на долгогодишната соработка со Обвинителството на БиХ и ВСОС, амбасадорот Бертон изјави: “Меморандумот за разбирање, потпишан во рамките на Проектот за унапредување на процесирањето на предметите на воени злосторства, ќе овозможи создавање на електронска база на податоци која ќе ги содржи сите докази со кои располага Обвинителството на БиХ. Оваа дигитална архива претставува важен чекор напред во процесирањето на предметите на воени злосторства на државно ниво .”

Активностите во рамките на овој проект се многу важни за работата на предметите на воени злосторства бидејќи во секој предмет постои голема количина на доказен материјал, и би било од голема корист постоењето на дигиталната архива на докази, која би овозможила побрз и поефикасен преглед на доказите, како и нивно полесно сортирање и подготовка во сложените предмети”, рече Главната обвинителка Тадиќ. Претседателот Тегелтија рече: “Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина го поздравува и поддржува секој вид на соработка со меѓународните организации кој има за цел зајакнување на владеењето на правото и воспоставување на функционален систем кој ќе им биде од корист, како на судиите и обвинителите во нивната работа, така и на целата босанска јавност. Нашата заедничка цел е што побрзо да им се стави крај на предметите на воени злосторства за да можеме конечно да го оставиме тешкото бреме на војната зад нас и да се посветиме на воспоставувањето на квалитетен правосуден систем.” Проектот за унапредување на процесирањето на предметите на воени злосторства се спроведува од страна на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, а е финансиран од страна на Владата на Обединетото Кралство.

Преземено од официјалната веб-страница на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ)